09 Јануари, 2025
0.0325

„ЛЕБНА ТРЕСКА“ ЈА ТРЕСЕ ЕВРОПА, ЦЕНИТЕ ВО НЕКОИ ОД ЗЕМЈИТЕ СКОКНАА И ЗА 66 ОТСТО:Ова е највисокото ниво откако Евростат ги објавува податоците

Објавено во: Економија 20 Септември, 2022

Добивај вести на Viber

Поради војната во Украина, цените на лебот во ЕУ минатиот месец вртоглаво пораснаа - во просек за 18 проценти.

Ова е највисокото ниво откако Евростат ги објавува податоците (од 2017 година). Минатата година, отприлика ова време, просечната цена на лебот во Унијата беше „само“ 3% повисока во споредба со август 2020 година.

Конфликтот меѓу Русија и Украина - кои се главни извозници на жито - го попречи извозот, односно блокадата на пристаништата на Црното Море. Русија го загуби пристапот до пристаништата на Балтичкото Море преку кои извезуваше амонијак, клучна состојка за производство на ѓубрива.

Потоа следеше силен раст на цената на житото на светските берзи, а последиците секако ги чувствуваат земјите од ЕУ.

Така, во споредба со ланскиот август, лебот најмногу поскапе во Унгарија и тоа за дури 66 отсто. Следат Литванија со 33 отсто, а Естонија и Словачка со 32 отсто.

Тие се блиску и до Хрватска, каде што цената на лебот во август оваа година е за 31 отсто повисока во споредба со истиот месец во 2021 година. Еуростат понатаму известува дека значително зголемување на цената - од 30 проценти - се чувствува и во Полска и Латвија.

Поскапувањето на лебот во Германија и Словенија е најблиску до просекот во Унијата, покажуваат податоците. Најмал скок е забележан во Франција (8%), во Холандија и Луксембург (10%).

Инаку, цените на овие прехранбени производи во рамки на ЕУ континуирано растат од почетокот на годинава, а во февруари, кога започна руската инвазија на Украина, во просек се повисоки за 8,3 отсто во однос на истиот месец во 2021. 

ФОТО: EPA

Можеби ќе ве интересира

ВЛАДАТА НА БРАЗИЛ ПОТВРДИ: БРИКС има нова членка

Божиновска: Крај на ризиците од испади – новиот трансформатор во Битола носи стабилност

Ќе ги огрее ли сонце 3.000 мали домашни акционери во РЖ Економика? Акционер докупи 20 отсто од акциите на оваа железарска компанија!

Ангел Анѓушев во „Бизнис клуб“: За добивање производи и услуги со додадена вредност потребно е преструктуирање на производството

Српскиот олигарх Мишковиќ добил оштета од 30-тина милиони евра поради неосновано апсење

ЌЕ ПРОДОЛЖИМЕ ДА БИДЕМЕ КОМПАНИЈА БРОЈ ЕДЕН ВО МАКЕДОНИЈА - интервју со Леонид Антиќ, член на Управен одбор на Fashion Group

Тони Стојановски: Во 2025 очекуваме натамошен раст на кредитната и на депозитната активност на НЛБ Банка како кај населението така и кај компаниите

ТЕШКИ ДЕНОВИ ЗА ГЕРМАНСКАТА ИНДУСТРИЈА: Се повеќе фирми размислуваат да отпуштаат работници

ЕСМ најде привремена замена за „Марковски Компани“ во РЕК Битола