05 Октомври, 2024
0.0275

ЛЕВИЦА: Лога продолжува со предлог - закони кои ја рушат унитарноста на републиката

Објавено во: Македонија 05 Февруари, 2024

Добивај вести на Viber

Од Левица велат дека  министерот за правда Кренар Лога, наместо да се погрижи за очајната состојба во која се наоѓа правосудниот систем во Македонија, тој повторно се обидува да протне законски решенија, кои се спротивни на веќе постоечките позитивни норми и на Уставот. 

Станува збор за, како што велат предлог измени на Законот за правосуден испит, Законот за нотаријат и Законот за извршување, во кои како што истакнуваат од Левица, се предлага овие испити да можат да се полагаат и на јазик кој го зборуваат најмалку 20  отсто од граѓаните во земјата.

„Ваквите иредентистички предлози се косат со одредбите со кои веќе се регулирани условите за именување на нотари, извршители и адвокати, каде е предвидено задолжително познавање на македонски јазик за овие професии, како и за сите лица кои вршат јавни функции. Освен одредбите од специјалните закони, дополнително и Уставот, како највисок правен акт, во член 48 упатува на задолжително изучување на македонски јазик. Ваквите сегрегирачки предлози се неевропски и само дополнително ќе ја продлабочат поделеноста во македонското општество, каде македонскиот јазик е единствено сврзно ткиво за кохезија помеѓу различните етникуми. Откако на Уставен суд му пропадна обидот за вметнување националност во изводи, министерот од Алијанса за Албанците продолжува со своите трибалистички испади“, се истакнува во нивната реакција.

Јасна е намерата на министерот Лога, оценуваат од Левица, насилничко и спротивно на закон да иницира федерализацијата на државата, со наметнување на неконзистентни закони кои нема да најдат примена во реална пракса. Ваквите предлози, според оваа партија, можат само да го уназад целиот правен систем и затоа пратениците на Левица – Димитар Апасиев и Борислав Крмов ќе ги блокираат и овие штетни закони.

Можеби ќе ве интересира

ДОЖДОТ НЕМА ДА ПРЕСТАНЕ ВИКЕНДОВ, ТЕТОВО НАЈПОГОДЕНО: Ова се сцените од синоќа

ДОЖДОТ НЕМА ДА ПРЕСТАНЕ ВИКЕНДОВ, ТЕТОВО НАЈПОГОДЕНО: Ова се сцените од синоќа

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Поплави во Тетово, во Босна има и жртви

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Поплави во Тетово, во Босна има и жртви

ТЕТОВО: Поплавени се неколку улици и дворови

ТЕТОВО: Поплавени се неколку улици и дворови

КОМИСИЈАТА ЗА ЗАШТИТА ОД ДИСКРИМИНАЦИЈА УТВРДИ: Приватен универзитет не постапил правилно со тоа што отпуштил шест жени Македонки

КОМИСИЈАТА ЗА ЗАШТИТА ОД ДИСКРИМИНАЦИЈА УТВРДИ: Приватен универзитет не постапил правилно со тоа што отпуштил шест жени Македонки

ОЈО: Koсовец го пресекол патот на полицајци, правел маневри и овозможил камион да побегне

ОЈО: Koсовец го пресекол патот на полицајци, правел маневри и овозможил камион да побегне

„МОРА И ВЕНКО НЕШТО ДА КАЖЕ“: Се огласи Мицкоски за понудата на Филипче

„МОРА И ВЕНКО НЕШТО ДА КАЖЕ“: Се огласи Мицкоски за понудата на Филипче

ОБВИНЕТИОТ БОРЕ ВИДЕВСКИ НА НЕФРОЛОГИЈА ПОРАДИ ВЛОШЕНО ЗДРАВЈЕ: Одложено судењето за убиството на Вања и Панче

ОБВИНЕТИОТ БОРЕ ВИДЕВСКИ НА НЕФРОЛОГИЈА ПОРАДИ ВЛОШЕНО ЗДРАВЈЕ: Одложено судењето за убиството на Вања и Панче

ПОЛОВИНА ОД МЕДИЦИНСКИОТ КАДАР НА ДОГОВОР ДОБИВА ТРАЈНА РАБОТА: Таравари ветува решение за долгогодишниот проблем

ПОЛОВИНА ОД МЕДИЦИНСКИОТ КАДАР НА ДОГОВОР ДОБИВА ТРАЈНА РАБОТА: Таравари ветува решение за долгогодишниот проблем

„НИКОГАШ НЕ ПОБЕДИЛ НА НАТПРЕВАР И НА ИЗБОРИ, А СЕКОГАШ Е ШАМПИОН И НА ВЛАСТ“ - новинарот Фуркан Салиу за Мендух Тачи

„НИКОГАШ НЕ ПОБЕДИЛ НА НАТПРЕВАР И НА ИЗБОРИ, А СЕКОГАШ Е ШАМПИОН И НА ВЛАСТ“ - новинарот Фуркан Салиу за Мендух Тачи