05 Октомври, 2024
0.0366

ЛОГА ЗА РАСКОЛОТ ВО ПАРТИЈАТА: И да ни се разделат патиштата, ова да го направиме како цивилизирани и семејни луѓе

Објавено во: Македонија 05 Февруари, 2024

Добивај вести на Viber

Министерот за правда, Кренар Лога го искоментира расколот во Алијансата за Албанците. 

За 24 часа во партијата се случија два инциденти кои следеа по отворениот раздор меѓу актуелниот и поранешниот претседател на АА, Арбен Таравари и Зијадин Села околу настапот на партијата на следните избори.

„И да ни се разделат патиштата, ова да го направиме како цивилизирани и семејни луѓе“, апелираше генералниот секретар на Алијанса за Албанците (АА) и министер за правда, Кренар Лога. 

Тој повика на самоконтрола и смиреност кај членството додека, како што рече, сите во партијата се обидуваат да го изнајдат правиот и вистинскиот пат.

„Можеме да имаме недоразбирања и несогласувања, но воопшто не треба да се оддалечиле еден од друг од нашата заедничка куќа. Додека сите заедно се трудиме да го изнајдеме правиот и вистинскиот пат, повикуваме на самоконтрола и смиреност. Ние сме поминале многу настани заедно, како радосни така и тажни. Заради тоа апелираме и да ни се разделат нашите патишта, ова да го направиме како цивилизирани луѓе и семејни луѓе“, пишува Лога во објавата на Фејсбук.

Лога го осуди вчерашниот напад на членови на Алијанса за Албанците, меѓу кои и директорот на Агенцијата за управување со одземен имот, Дритон Небиу, како и денешниот инцидент кога пред куќата на партискиот лидер Таравари беше пронајден наиспукан куршум од калашников. Вели дека виновниците треба да бидат изведени пред лицето на правдата. 

Села го обвини Таравари за кршење на партискиот статут и најави негово разрешување.

Таравари е на чело на партијата од септември 2022 година. Во последниот негов пост објави дека ја добил поддршката од мнозинството пратеници на Алијанса, дека доброволно биле собрани 80 потписи на пратеници од вкупно 133 во партиското Собрание, а процесот на собирање потписи продолжува. Села кажа дека тоа не е партија на потписи. 

Можеби ќе ве интересира

ДОЖДОТ НЕМА ДА ПРЕСТАНЕ ВИКЕНДОВ, ТЕТОВО НАЈПОГОДЕНО: Ова се сцените од синоќа

ДОЖДОТ НЕМА ДА ПРЕСТАНЕ ВИКЕНДОВ, ТЕТОВО НАЈПОГОДЕНО: Ова се сцените од синоќа

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Поплави во Тетово, во Босна има и жртви

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Поплави во Тетово, во Босна има и жртви

ТЕТОВО: Поплавени се неколку улици и дворови

ТЕТОВО: Поплавени се неколку улици и дворови

КОМИСИЈАТА ЗА ЗАШТИТА ОД ДИСКРИМИНАЦИЈА УТВРДИ: Приватен универзитет не постапил правилно со тоа што отпуштил шест жени Македонки

КОМИСИЈАТА ЗА ЗАШТИТА ОД ДИСКРИМИНАЦИЈА УТВРДИ: Приватен универзитет не постапил правилно со тоа што отпуштил шест жени Македонки

ОЈО: Koсовец го пресекол патот на полицајци, правел маневри и овозможил камион да побегне

ОЈО: Koсовец го пресекол патот на полицајци, правел маневри и овозможил камион да побегне

„МОРА И ВЕНКО НЕШТО ДА КАЖЕ“: Се огласи Мицкоски за понудата на Филипче

„МОРА И ВЕНКО НЕШТО ДА КАЖЕ“: Се огласи Мицкоски за понудата на Филипче

ОБВИНЕТИОТ БОРЕ ВИДЕВСКИ НА НЕФРОЛОГИЈА ПОРАДИ ВЛОШЕНО ЗДРАВЈЕ: Одложено судењето за убиството на Вања и Панче

ОБВИНЕТИОТ БОРЕ ВИДЕВСКИ НА НЕФРОЛОГИЈА ПОРАДИ ВЛОШЕНО ЗДРАВЈЕ: Одложено судењето за убиството на Вања и Панче

ПОЛОВИНА ОД МЕДИЦИНСКИОТ КАДАР НА ДОГОВОР ДОБИВА ТРАЈНА РАБОТА: Таравари ветува решение за долгогодишниот проблем

ПОЛОВИНА ОД МЕДИЦИНСКИОТ КАДАР НА ДОГОВОР ДОБИВА ТРАЈНА РАБОТА: Таравари ветува решение за долгогодишниот проблем

„НИКОГАШ НЕ ПОБЕДИЛ НА НАТПРЕВАР И НА ИЗБОРИ, А СЕКОГАШ Е ШАМПИОН И НА ВЛАСТ“ - новинарот Фуркан Салиу за Мендух Тачи

„НИКОГАШ НЕ ПОБЕДИЛ НА НАТПРЕВАР И НА ИЗБОРИ, А СЕКОГАШ Е ШАМПИОН И НА ВЛАСТ“ - новинарот Фуркан Салиу за Мендух Тачи