05 Октомври, 2024
0.0290

МЕТЕЖ НА ТАБАНОВЦЕ: Граѓаните побрзаа додека им важат старите документи да посетат роднини во Србија или да се прошетаат

Објавено во: Македонија 05 Февруари, 2024

Добивај вести на Viber

Овој викенд имаше долги колони возила и се чекаше по еден час на граничниот премин Табановце. Граѓаните ја користат шансата да прошетаат во Србија или да посетат роднини додека сè уште им важат старите документи.

По 12 февруари, нема да можат да патуваат со документи на кои е впишано старото име  на државата. Ова беше претпоследен викенд со можност да се помине границата со старите документи. Граѓаните патуваат со приватни возила, но и со автобуси.

„Јас вчера ја читав веста дека имало долги колони. И јас спаѓам во таа категорија на граѓани кои ќе ја искористат шансата да одат во Србија додека важат старите документи. Имам сестра во источна Србија. Ќе патувам во работен ден, се надевам дека гужвата ќе биде помала на граница, затоа што сум врзана да патувам со два различни автобуси и треба да стигнам навреме во Ниш. Ќе се вратам после три дена и потоа ќе се сликам за нови лични документи, но и ќе морам да чекам дури бидат готови, така што решив да одам и да се вратам пред 12-ти февруари. Претходно кога сум патувала немало поголеми гужви на граница, но ќе видам сега каква ќе биде состојбата“, вели Лидија С.  од Куманово.

Од граничниот премин Пелинце ни одговорија дека имало нормална фреквенција како за викенд. Луѓето од Македонија го користат и овој премин  за да отидат во блиските погранични места во соседна Србија.

„Се патува на релација Македонија - Србија. Имаме роднини во Белград, Пожаревац, Врање, Бујановац. Јас одам за Врање, Прешево, Бујановац. Соседите одат често во Србија. Ги користиме и двата гранични премина“, вели Тихомир Николиќ, претседател на месна заедница Старо Нагоричане.

Од автобуската станица во Куманово,  велат дека викендов граѓаните купувале билети за патување до Белград и Ниш.

Како што соопшти полицијата, приближно 6.700 луѓе влегле и излегле на граничниот премин Табановце во саботата од полноќ до 13 часот.

Табановце е еден од најфреквентните премини. Во 2022 година најфреквентни биле граничните премини на северната граница со Косово и Србија со регистрирани од по четири милиони патници. Притоа, најголем дел од патниците го користеле граничниот премин Табановце, 4.767.272, стои во извештајот на МВР.

Сања Атанасовска

Можеби ќе ве интересира

ДОЖДОТ НЕМА ДА ПРЕСТАНЕ ВИКЕНДОВ, ТЕТОВО НАЈПОГОДЕНО: Ова се сцените од синоќа

ДОЖДОТ НЕМА ДА ПРЕСТАНЕ ВИКЕНДОВ, ТЕТОВО НАЈПОГОДЕНО: Ова се сцените од синоќа

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Поплави во Тетово, во Босна има и жртви

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Поплави во Тетово, во Босна има и жртви

ТЕТОВО: Поплавени се неколку улици и дворови

ТЕТОВО: Поплавени се неколку улици и дворови

КОМИСИЈАТА ЗА ЗАШТИТА ОД ДИСКРИМИНАЦИЈА УТВРДИ: Приватен универзитет не постапил правилно со тоа што отпуштил шест жени Македонки

КОМИСИЈАТА ЗА ЗАШТИТА ОД ДИСКРИМИНАЦИЈА УТВРДИ: Приватен универзитет не постапил правилно со тоа што отпуштил шест жени Македонки

ОЈО: Koсовец го пресекол патот на полицајци, правел маневри и овозможил камион да побегне

ОЈО: Koсовец го пресекол патот на полицајци, правел маневри и овозможил камион да побегне

„МОРА И ВЕНКО НЕШТО ДА КАЖЕ“: Се огласи Мицкоски за понудата на Филипче

„МОРА И ВЕНКО НЕШТО ДА КАЖЕ“: Се огласи Мицкоски за понудата на Филипче

ОБВИНЕТИОТ БОРЕ ВИДЕВСКИ НА НЕФРОЛОГИЈА ПОРАДИ ВЛОШЕНО ЗДРАВЈЕ: Одложено судењето за убиството на Вања и Панче

ОБВИНЕТИОТ БОРЕ ВИДЕВСКИ НА НЕФРОЛОГИЈА ПОРАДИ ВЛОШЕНО ЗДРАВЈЕ: Одложено судењето за убиството на Вања и Панче

ПОЛОВИНА ОД МЕДИЦИНСКИОТ КАДАР НА ДОГОВОР ДОБИВА ТРАЈНА РАБОТА: Таравари ветува решение за долгогодишниот проблем

ПОЛОВИНА ОД МЕДИЦИНСКИОТ КАДАР НА ДОГОВОР ДОБИВА ТРАЈНА РАБОТА: Таравари ветува решение за долгогодишниот проблем

„НИКОГАШ НЕ ПОБЕДИЛ НА НАТПРЕВАР И НА ИЗБОРИ, А СЕКОГАШ Е ШАМПИОН И НА ВЛАСТ“ - новинарот Фуркан Салиу за Мендух Тачи

„НИКОГАШ НЕ ПОБЕДИЛ НА НАТПРЕВАР И НА ИЗБОРИ, А СЕКОГАШ Е ШАМПИОН И НА ВЛАСТ“ - новинарот Фуркан Салиу за Мендух Тачи