05 Октомври, 2024
0.0316

МИТРЕСКИ ЗА ВИП ТРЕТМАНОТ НА НОВИНАРИТЕ ОД КОСОВО И АЛБАНИЈА: Галеријата ја отворив за сите

Објавено во: Македонија 05 Февруари, 2024

Добивај вести на Viber

Претседателот на Собранието, Joван Митрески уверува дека на денот на изборот на техничката влада, собраниската галерија била еднакво достапна за сите новинари. 

Сепак, во дел од медиумските извештаи тој ден, како, на пример, на ТВ Телма, можеше да се слушне дека нивниот известувач седнал во редот веднаш зад гостите од Косовo и од Албанија, но собраниското обезбедување му кажало да се премести.

Митрески за 360 степени не сакаше да одговори директно дали му се допаѓала атмосферата што тој ден владееше во парламентот. 

„Јас не знам која била нивната улога, како што информиравме претходно, имаше и реакција од Здружението на новинари на Македонија и со допис од Кабинетот одговоривме на тоа. Сѐ што може да биде присутно во галеријата е новинари што имаат соодветни акредитации. Такви акредитации имаа сите присутни во галеријата на Собранието. Пред самиот почеток на седницата бев известен од службите дека има голема заинтересираност, прашав дали има најава за присуство на странски гости, претежно амбасадори коишто во некои случаи доаѓаат да следат седници. Прашав дали се присутни од кабинетот на претседателот, коишто исто така имаат свој простор во галеријата. Кога добив информации дека нема други гости, дадов налог да се отвори целосно галеријата за да се обезбеди присуство на сите новинари, уредници, камермани, за следење на седницата. Фактички, такви случаи сме имале претходно за седници кои будат голем интерес кај јавноста“, вели Митрески. 

Додаде дека и за други важни настани имало присуство на странски новинари. 

Можеби ќе ве интересира

ДОЖДОТ НЕМА ДА ПРЕСТАНЕ ВИКЕНДОВ, ТЕТОВО НАЈПОГОДЕНО: Ова се сцените од синоќа

ДОЖДОТ НЕМА ДА ПРЕСТАНЕ ВИКЕНДОВ, ТЕТОВО НАЈПОГОДЕНО: Ова се сцените од синоќа

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Поплави во Тетово, во Босна има и жртви

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Поплави во Тетово, во Босна има и жртви

ТЕТОВО: Поплавени се неколку улици и дворови

ТЕТОВО: Поплавени се неколку улици и дворови

КОМИСИЈАТА ЗА ЗАШТИТА ОД ДИСКРИМИНАЦИЈА УТВРДИ: Приватен универзитет не постапил правилно со тоа што отпуштил шест жени Македонки

КОМИСИЈАТА ЗА ЗАШТИТА ОД ДИСКРИМИНАЦИЈА УТВРДИ: Приватен универзитет не постапил правилно со тоа што отпуштил шест жени Македонки

ОЈО: Koсовец го пресекол патот на полицајци, правел маневри и овозможил камион да побегне

ОЈО: Koсовец го пресекол патот на полицајци, правел маневри и овозможил камион да побегне

„МОРА И ВЕНКО НЕШТО ДА КАЖЕ“: Се огласи Мицкоски за понудата на Филипче

„МОРА И ВЕНКО НЕШТО ДА КАЖЕ“: Се огласи Мицкоски за понудата на Филипче

ОБВИНЕТИОТ БОРЕ ВИДЕВСКИ НА НЕФРОЛОГИЈА ПОРАДИ ВЛОШЕНО ЗДРАВЈЕ: Одложено судењето за убиството на Вања и Панче

ОБВИНЕТИОТ БОРЕ ВИДЕВСКИ НА НЕФРОЛОГИЈА ПОРАДИ ВЛОШЕНО ЗДРАВЈЕ: Одложено судењето за убиството на Вања и Панче

ПОЛОВИНА ОД МЕДИЦИНСКИОТ КАДАР НА ДОГОВОР ДОБИВА ТРАЈНА РАБОТА: Таравари ветува решение за долгогодишниот проблем

ПОЛОВИНА ОД МЕДИЦИНСКИОТ КАДАР НА ДОГОВОР ДОБИВА ТРАЈНА РАБОТА: Таравари ветува решение за долгогодишниот проблем

„НИКОГАШ НЕ ПОБЕДИЛ НА НАТПРЕВАР И НА ИЗБОРИ, А СЕКОГАШ Е ШАМПИОН И НА ВЛАСТ“ - новинарот Фуркан Салиу за Мендух Тачи

„НИКОГАШ НЕ ПОБЕДИЛ НА НАТПРЕВАР И НА ИЗБОРИ, А СЕКОГАШ Е ШАМПИОН И НА ВЛАСТ“ - новинарот Фуркан Салиу за Мендух Тачи