05 Октомври, 2024
0.0480

НАСТАВНИЦИТЕ НЕМА ДА ОСТАНАТ БЕЗ РАБОТА, ОД УЧЕНИЦИТЕ СЕ ОЧЕКУВА ПОДОБАР УСПЕХ: Директорот на БРО, Хасипи за новиот концепт

Објавено во: Македонија 20 Април, 2023

Добивај вести на Viber

Од идната учебна 2023/2024 година се очекува спроведување на нов концепт во наставната програма за учениците во шесто одделение кои во еден предмет-природни науки ќе изучуваат повеќе предмети. Тоа се биологија, хемија, физика и географија. Новиот концепт, откако беше објавен од страна на Бирото за развој на образованието наиде на силна осуда од страна на јавноста, но реагираа и наставници, кои ценат дека ваквиот начин на настава може да им ги загрози работните места.

Во разговор за Фактор, директорот на Бирото за развој на образованието Зекирија Хасипи истакнува дека нема место за никаков страв и дека никој нема остане без работа, а освен тоа со новата наставна програма според него, учениците би требало да покажат подобри резултати.

-Ниту еден од наставниците нема да го изгуби работното место, односно да остане без работа, тоа најодговорно го тврдам. За да се предава предметот природни науки за шесто одделение во кој ќе бидат содржани четири модули, односно биологија, хемија, физика и дел од географијата, ќе следи обука за оние наставници кои ќе го предаваат овој предмет, посочува Хасипи.

Истовремено, како што вели тој, и не станува збор за некој сосема нов концепт, бидејќи и досега во наставната програма постоеше предмет природни науки во пониските одделенија.

-Она што е ново е дека дел од географијата влегува како посебен модул во овој предмет. Друг дел од географијата ќе влезе во предметот историја и општество. Досега шестоодделенците немаа ниту физика, ниту хемија, ниту биологија, заради што цениме дека тие ќе имаат подобар успех во повисоките одделенија кога овие предмети и посебно се изучуваат. Инаку според досегашните истражувања направени од страна на меѓународните фактори, нашите ученици покажуваат многу слаби резултати токму по овие предмети заради што ни беше укажано дека мора да направиме одредени реформи. Вакви пристапи, вакви концепти има и во најразвиените земји, има и во соседството, предметот е ставен под името „Scinece“ и учениците покажуваат извонредни резултати. Очекуваме и ние подобар успех од страна на нашите ученици, вели директорот на БРО, Зекирија Хасипи во разговорот за Фактор.

Инаку, во изминативе деновиреагираа граѓански активисти кои сметаат дека оваа наставна програма целосно ќе го уништи образованието.

-Новата концепција ќе предизвика изгубени генерации но и наставници кои ќе останат без работа. Овој модел кој го спроведе претходната министерка за образование, Мила Царовска, предвидува спојување на предметите географија, хемија, биологија и физика во еден – природни науки, но и спојување на техничко образование со информатика. Дополнителен проблем е тоа што во предметот природни науки, речиси и да нема ништо поврзано со географија, посебно со територијалната. Од наставната програма може да се забележи дека шестоодделенците ќе учат за Својства и промени на супстанците, Градба на органи и органски системи кај човекот, Вселена, и Сончев систем, Сили и движења, Електрицитет и магнетизам, Грижа за животната средина.

Стигна реакција и од Македонското географско друштво кое најави дека со институтите ќе преземаат активности за реакција и запирање на Концепцијата за основно образование.

-Ќе бидат испратени писмени реакции до надлежните државни институции, како реализација на непосредни разговори на највисоко ниво. Се надеваме дека гореспоменатите активности ќе придонесат за зачувување на статусот на наставните предмети – географија, биологија, физика и хемија – пишува во реакцијата на Македонското географско друштво.

Анита Буховски

Можеби ќе ве интересира

12-ТИ ТРОФЕЈ ЗА КАРДИОЛОГОТ КЕДЕВ, ОСВОИ УШТЕ ЕДЕН ВРВ НАД 8.000 МЕТРИ: Се искачи и на кинескиот Шишапангма во Тибет

12-ТИ ТРОФЕЈ ЗА КАРДИОЛОГОТ КЕДЕВ, ОСВОИ УШТЕ ЕДЕН ВРВ НАД 8.000 МЕТРИ: Се искачи и на кинескиот Шишапангма во Тибет

ДОЖДОТ НЕМА ДА ПРЕСТАНЕ ВИКЕНДОВ, ТЕТОВО НАЈПОГОДЕНО: Ова се сцените од синоќа

ДОЖДОТ НЕМА ДА ПРЕСТАНЕ ВИКЕНДОВ, ТЕТОВО НАЈПОГОДЕНО: Ова се сцените од синоќа

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Поплави во Тетово, во Босна има и жртви

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Поплави во Тетово, во Босна има и жртви

ТЕТОВО: Поплавени се неколку улици и дворови

ТЕТОВО: Поплавени се неколку улици и дворови

КОМИСИЈАТА ЗА ЗАШТИТА ОД ДИСКРИМИНАЦИЈА УТВРДИ: Приватен универзитет не постапил правилно со тоа што отпуштил шест жени Македонки

КОМИСИЈАТА ЗА ЗАШТИТА ОД ДИСКРИМИНАЦИЈА УТВРДИ: Приватен универзитет не постапил правилно со тоа што отпуштил шест жени Македонки

ОЈО: Koсовец го пресекол патот на полицајци, правел маневри и овозможил камион да побегне

ОЈО: Koсовец го пресекол патот на полицајци, правел маневри и овозможил камион да побегне

„МОРА И ВЕНКО НЕШТО ДА КАЖЕ“: Се огласи Мицкоски за понудата на Филипче

„МОРА И ВЕНКО НЕШТО ДА КАЖЕ“: Се огласи Мицкоски за понудата на Филипче

ОБВИНЕТИОТ БОРЕ ВИДЕВСКИ НА НЕФРОЛОГИЈА ПОРАДИ ВЛОШЕНО ЗДРАВЈЕ: Одложено судењето за убиството на Вања и Панче

ОБВИНЕТИОТ БОРЕ ВИДЕВСКИ НА НЕФРОЛОГИЈА ПОРАДИ ВЛОШЕНО ЗДРАВЈЕ: Одложено судењето за убиството на Вања и Панче

ПОЛОВИНА ОД МЕДИЦИНСКИОТ КАДАР НА ДОГОВОР ДОБИВА ТРАЈНА РАБОТА: Таравари ветува решение за долгогодишниот проблем

ПОЛОВИНА ОД МЕДИЦИНСКИОТ КАДАР НА ДОГОВОР ДОБИВА ТРАЈНА РАБОТА: Таравари ветува решение за долгогодишниот проблем