Почина познатата адвокатка Јагнула Куновска
Објавено во: Македонија 29 Декември, 2024
Јагнула Куновска почина денеска на 81-годишна возраст. Таа беше една од најистакнатите македонски адвокати и креатори на јавното милсење во минатото.
Родена е во Костур во 1943 година, а високото образование го завршила на Правниот факултет на Универзитетот во Скопје.
Во 1990 година беше основач на македонската политичка партија Движење за семакедонска акција (МААК). Во 1999 година ја поддржа кандидатурата на Тито Петковски за претседател на Република Македонија.
Во 2006 година беше кандидидат на изборите во скопскиот и кумановскиот регион како дел од Новата социјалдемократска партија, а потоа станува член на ВМРО-ДПМНЕ.