05 Октомври, 2024
0.0285

ПОЧИНАЛЕ ДВЕ МЛАДИ ЛИЦА ОД ГРИП НА КРАЈОТ ОД ЈАНУАРИ, ГРИПОТ ИМА ВИСОКА АКТИВНОСТ: За една недела пријавени 1.834 случаи

Објавено во: Македонија 02 Февруари, 2024

Добивај вести на Viber

Податоците од последниот извештај на Институтот за јавно здравје покажуваат повторно значително зголемен пораст на заболени лица од грип во државата. Во три извештајни единици што пријавиле случаи во текот на оваа недела, се регистрира многу ниска, во осум сезонска, во 12 средна, во Дебар - висока и во три - Ресен, Кавадарци, Кратово - многу висока активност на вирусот на грип.

- Во текот на четвртата недела од 2024 година од 22 до 28 јануари, во Република Северна Македонија се пријавени 1.834 случаи на групни пријави за заболени од грип - заболувања слични на грип, 9,5 отсто повеќе во споредба со претходната недела. Бројот на пријавени лица оваа недела, споредено со четвртата недела од минатата сезона, е зголемен за 2,1 пати, се наведува во извештајот на ИЈЗ.

Во текот на четвртата извештајна недела, во вирусолошката лабораторија на ИЈЗ, пристигнале 67 материјали од рутинскиот надзор за лабораториско тестирање, паралелно тестирани за грип и Ковид-19 (SARS-CoV-2).

- Притоа, детектирани се 20 позитивни случаи на Influenza: 14 Influenza А(H1)pdm09, 2 Influenza А(H3), 3 Influenza А - несубтипизиран и 1 Influenza B - неодредена линија. Регистриран е еден пациент со SARS-CoV-2, пишува во извештајот.

Во однос на возрасната дистрибуција, 982 лица се на возраст од 15 до 64 години, 342 се деца на возраст до четири години, 256 се деца на возраст од пет до 14 години и 254 случаи се регистрирани кај лица на возраст над 65 години. Највисока инциденца се регистрира кај децата на возраст до четири години.

Заболените се пријавени од 27 ЦЈЗ/ПЕ, во Скопје – 238, Битола – 196, Кавадарци - 184, а во останатите, бројот на пријавени е помал или еднаков на 150, покажуваат податоците.

- Во текот на оваа недела, регистрирани се два смртни случаја асоцирани со грип. Се работи за лица на возраст од 20 и 36 години од Скопје и Демир Хисар, кои биле хоспитализирани во Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби. Кај починатите лица е утврдено присуство на коморбидитети - хематолошки, кардиоваскуларни, обезитас и не биле вакцинирани со вакцина против сезонски грип. Кај починатите лица, лабораториски е потврдена Influenza А(H1)pdm09, се појаснува во извештајот на ИЈЗ.

Во сезоната 2023/2024, вкупниот број на случаи на грип - заболувања слични на грип изнесува 7.009 , според податоците на Институтот. Во споредба со истиот период од минатата сезона, бројот на пријавени случаи е зголемен за 37,3 проценти, а во однос на моделот од последните 13 сезони, има зголемување од 26,1 отсто.

Од ИЈЗ потсетуваат дека вакцинацијата против сезонски грип е најефикасна заштита од ова заболување. Заклучно со четвртата недела од 2024 година, во Република Северна Македонија, вакцинирани се вкупно 61.543 лица со бесплатна или комерцијална вакцина.

Фото: МИА 


Можеби ќе ве интересира

12-ТИ ТРОФЕЈ ЗА КАРДИОЛОГОТ КЕДЕВ, ОСВОИ УШТЕ ЕДЕН ВРВ НАД 8.000 МЕТРИ: Се искачи и на кинескиот Шишапангма во Тибет

12-ТИ ТРОФЕЈ ЗА КАРДИОЛОГОТ КЕДЕВ, ОСВОИ УШТЕ ЕДЕН ВРВ НАД 8.000 МЕТРИ: Се искачи и на кинескиот Шишапангма во Тибет

ДОЖДОТ НЕМА ДА ПРЕСТАНЕ ВИКЕНДОВ, ТЕТОВО НАЈПОГОДЕНО: Ова се сцените од синоќа

ДОЖДОТ НЕМА ДА ПРЕСТАНЕ ВИКЕНДОВ, ТЕТОВО НАЈПОГОДЕНО: Ова се сцените од синоќа

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Поплави во Тетово, во Босна има и жртви

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Поплави во Тетово, во Босна има и жртви

ТЕТОВО: Поплавени се неколку улици и дворови

ТЕТОВО: Поплавени се неколку улици и дворови

КОМИСИЈАТА ЗА ЗАШТИТА ОД ДИСКРИМИНАЦИЈА УТВРДИ: Приватен универзитет не постапил правилно со тоа што отпуштил шест жени Македонки

КОМИСИЈАТА ЗА ЗАШТИТА ОД ДИСКРИМИНАЦИЈА УТВРДИ: Приватен универзитет не постапил правилно со тоа што отпуштил шест жени Македонки

ОЈО: Koсовец го пресекол патот на полицајци, правел маневри и овозможил камион да побегне

ОЈО: Koсовец го пресекол патот на полицајци, правел маневри и овозможил камион да побегне

„МОРА И ВЕНКО НЕШТО ДА КАЖЕ“: Се огласи Мицкоски за понудата на Филипче

„МОРА И ВЕНКО НЕШТО ДА КАЖЕ“: Се огласи Мицкоски за понудата на Филипче

ОБВИНЕТИОТ БОРЕ ВИДЕВСКИ НА НЕФРОЛОГИЈА ПОРАДИ ВЛОШЕНО ЗДРАВЈЕ: Одложено судењето за убиството на Вања и Панче

ОБВИНЕТИОТ БОРЕ ВИДЕВСКИ НА НЕФРОЛОГИЈА ПОРАДИ ВЛОШЕНО ЗДРАВЈЕ: Одложено судењето за убиството на Вања и Панче

ПОЛОВИНА ОД МЕДИЦИНСКИОТ КАДАР НА ДОГОВОР ДОБИВА ТРАЈНА РАБОТА: Таравари ветува решение за долгогодишниот проблем

ПОЛОВИНА ОД МЕДИЦИНСКИОТ КАДАР НА ДОГОВОР ДОБИВА ТРАЈНА РАБОТА: Таравари ветува решение за долгогодишниот проблем