01 Јануари, 2025
0.0398

Сафет Бишевац за „Фактор“: Со ВМРО-ДПМНЕ имаме исти ставови за обновата на Македонија

Објавено во: Македонија 11 Март, 2020

Добивај вести на Viber

Сафет Бишевац откако синоќа се најде на пратеничката листа во Изборната единица 1 како номиниран од редовите на опозициската ВМРО-ДПМНЕ за „Фактор“ вели дека генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски, не ја зборува вистината кога изутринава тврдеше дека барал да биде пратеник од редовите на владеачката партија.

- Николовски не ја зборува вистината, бидејќи јас имав понуда да работам во Центарот за комуникации на СДСМ, иако ја одбив бидејќи имам сосема поинакви ставови и гледишта за начинот на нивното владеење, вели Бишевац, кој синоќа беше во центарот на вниманието на социјалните мрежи како личност која „го променила партискиот дрес“, додека во спротивна насока заминале Панчо Минов и Зекир Рамчиловиќ.

Кандидатот од Студеничани, како што стои на кандидатската листа, е големо изненадување со оглед дека тој на претпоследните парламентарни избори беше пратеник од СДСМ и коалицијата, учесник во Шарена револуција и голем критичар на Никола Груевски и ВМРО ДПМНЕ. Но, по доѓањето на Зоран Заев на власт, Бишевац стана критичен кон неговите политики. Тој стана негов остар критичар во последните месеци.

Тврди дека со најголемата опозициска партија делат исти ставови за, како што вели тој, обновата на Македонија.

- Заеднички гледишта кои ги имам со ВМРО-ДПМНЕ се пред се заложбата за обнова на државниот систем, за кој сметам дека е руниниран во последните три години и дека секој треба да помогне во истото без разлика од кои национални и други групи доаѓа, вели Бишевац.

Со оглед на тоа што е на 9.позиција како кандидат за пратеник од ИЕ1 неизвесни се шансите дали по 12 април ќе се најде во новиот парламентарен состав.

- Јас сум повикан да помогнам како докажан интелектуалец и не е важно што ќе се случува на 12 април, туку што следува понатаму откако ВМРО-ДПМНЕ ќе дојде на власт, смета кандидатот за пратеник.

А.К.

Можеби ќе ве интересира

Трагедија во Струмица: Го загуби животот од греалка

Трагедија во Струмица: Го загуби животот од греалка

Годинава ќе имаме пет продолжени викенди

Годинава ќе имаме пет продолжени викенди

Градоначалничката Арсовска го посети првороденото бебе во 2025

Градоначалничката Арсовска го посети првороденото бебе во 2025

Приведени 33 лица за Нова година, сообраќајки без фатални последици

Приведени 33 лица за Нова година, сообраќајки без фатални последици

Кога се сака, се може: Од денеска кавадарчани на скијање на Кожуф

Кога се сака, се може: Од денеска кавадарчани на скијање на Кожуф

Првото бебе во 2025 се роди една минута по полноќ

Првото бебе во 2025 се роди една минута по полноќ

Од денеска само со нови возачки дозволи и регистарски таблички

Од денеска само со нови возачки дозволи и регистарски таблички

Тинејџер се стекна со траен инвалидитет по пукната петарда на новогодишната ноќ

Тинејџер се стекна со траен инвалидитет по пукната петарда на новогодишната ноќ

ФАКТОР НА ДЕНОТ: За 2025 година политичарите ветија подобар живот за граѓаните

ФАКТОР НА ДЕНОТ: За 2025 година политичарите ветија подобар живот за граѓаните