05 Октомври, 2024
0.0367

СЛЕДУВА ГОЛЕМО ЗАТОПЛУВАЊЕ НА ВРЕМЕТО - од недела ќе имаме температури и до 20 степени

Објавено во: Македонија 02 Февруари, 2024

Добивај вести на Viber

Под влијание на топла воздушна маса со потекло од северните предели на Африка, во Македонија во следните денови ќе имаме значително затоплување на времето и голем пораст, како на минималните утрински, така и на максималните дневни температури на воздухот, прогнозира Славчо Поповски.

Времето ќе биде претежно сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец, додека Долж Повардарието и во источните предели повремено ќе засилува ветерот од северен и од северозападен правец.

Наутро температурите на повеќе места ќе се спуштат до околу, или малку под нулата, а тие понекаде ќе останат и позитивни, што значи дека во следните денови утрата ќе бидат значително потопли. Особено топло преку ден ќе биде во недела, како и во почетокот од следната седмица кога температурите на многу места ќе надминуваат 10 степени, а во најтоплите централни и југоисточни предели локално тие ќе достигнат дури до 20 степени.

Во Скопје и околината очекуваме слично време, значително потопло и посончево во следните денови. Наутро температурата ќе се спушта во интервалот помеѓу -3  и -1 степен, а максималната дневна ќе се искачува во интервалот помеѓу 9 и 13 степени.

„Температурите кои ги очекуваме во следниот период ќе бидат значително над просекот за овој период од годината, тие ќе бидат повисоки од нормалните за 4 до 8 степени. Искористете ја оваа пролет во зима, поради тоа што се поизвесно е дека по 10 февруари се враќа зимата и снегот во нашите краишта“, пишува на фејсбук Поповски.

Можеби ќе ве интересира

ДОЖДОТ НЕМА ДА ПРЕСТАНЕ ВИКЕНДОВ, ТЕТОВО НАЈПОГОДЕНО: Ова се сцените од синоќа

ДОЖДОТ НЕМА ДА ПРЕСТАНЕ ВИКЕНДОВ, ТЕТОВО НАЈПОГОДЕНО: Ова се сцените од синоќа

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Поплави во Тетово, во Босна има и жртви

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Поплави во Тетово, во Босна има и жртви

ТЕТОВО: Поплавени се неколку улици и дворови

ТЕТОВО: Поплавени се неколку улици и дворови

КОМИСИЈАТА ЗА ЗАШТИТА ОД ДИСКРИМИНАЦИЈА УТВРДИ: Приватен универзитет не постапил правилно со тоа што отпуштил шест жени Македонки

КОМИСИЈАТА ЗА ЗАШТИТА ОД ДИСКРИМИНАЦИЈА УТВРДИ: Приватен универзитет не постапил правилно со тоа што отпуштил шест жени Македонки

ОЈО: Koсовец го пресекол патот на полицајци, правел маневри и овозможил камион да побегне

ОЈО: Koсовец го пресекол патот на полицајци, правел маневри и овозможил камион да побегне

„МОРА И ВЕНКО НЕШТО ДА КАЖЕ“: Се огласи Мицкоски за понудата на Филипче

„МОРА И ВЕНКО НЕШТО ДА КАЖЕ“: Се огласи Мицкоски за понудата на Филипче

ОБВИНЕТИОТ БОРЕ ВИДЕВСКИ НА НЕФРОЛОГИЈА ПОРАДИ ВЛОШЕНО ЗДРАВЈЕ: Одложено судењето за убиството на Вања и Панче

ОБВИНЕТИОТ БОРЕ ВИДЕВСКИ НА НЕФРОЛОГИЈА ПОРАДИ ВЛОШЕНО ЗДРАВЈЕ: Одложено судењето за убиството на Вања и Панче

ПОЛОВИНА ОД МЕДИЦИНСКИОТ КАДАР НА ДОГОВОР ДОБИВА ТРАЈНА РАБОТА: Таравари ветува решение за долгогодишниот проблем

ПОЛОВИНА ОД МЕДИЦИНСКИОТ КАДАР НА ДОГОВОР ДОБИВА ТРАЈНА РАБОТА: Таравари ветува решение за долгогодишниот проблем

„НИКОГАШ НЕ ПОБЕДИЛ НА НАТПРЕВАР И НА ИЗБОРИ, А СЕКОГАШ Е ШАМПИОН И НА ВЛАСТ“ - новинарот Фуркан Салиу за Мендух Тачи

„НИКОГАШ НЕ ПОБЕДИЛ НА НАТПРЕВАР И НА ИЗБОРИ, А СЕКОГАШ Е ШАМПИОН И НА ВЛАСТ“ - новинарот Фуркан Салиу за Мендух Тачи