05 Октомври, 2024
0.0335

Со стар пасош назад во Македонија само со патен лист од конзулат

Објавено во: Македонија 01 Февруари, 2024

Добивај вести на Viber

Македонските граѓани кои работат и живеат во странство со стар пасош по 12 февруари ќе можат да се вратат во земјата само со патен лист, издаден од конзулат во земјата, велат од Министерството за надворешни работи.

„Доколку државјани на Република Северна Македонија кои престојуваат во странска држава (по било кој основ) и кои до 12 февруари 2024 година немаат извадено нови патни исправи (пасоши), истите можат да се вратат во Република Северна Македонија со Патен Лист, издаден од најблиското дипломатско конзуларно претставништво на Северна Македонија. Потсетуваме дека нашите државјани имаат право да се сликаат во најблиското дипломатско конзуларно претставништво во странство во кои имаме воспоставено базна или мобилна станица, преку телефонско закажување или комуникација по е-маил (Претставништва со базни станици во: Минхен, Бон, Берлин, Берн, Виена, Љубљана, Лондон, Њујорк и Чикаго. Претставништва со мобилни станици во: Брисел, Стокхолм, Венеција, Торонто и Мелбурн)“, велат од МНР

Македонските државјани кои живеат во странство со месеци чекаат на издавање лични документи со новото име на државата. Иселениците чекаат со месеци за пасоши, бараат зајакнување на капацитетите во амбасадите на Република Молдавија

„Во моментов има бесплатни термини во септември 2024 година. Доколку времето на чекање ви одговара, ве молиме повторно дајте ни ги вашите лични податоци за да можеме да одредиме конкретен датум“, велат од Амбасадата во Бон, Германија.

Иселениците со овие патни исправи можат да дојдат во нашата земја, но за да се вратат во земјите каде што живеат треба да извадат нови патни исправи, за што кај нас се чека со месеци.

Проценките според Агенциите за вработување во странство се дека 24.000 македонски граѓани принудно ќе се вратат во земјата поради тоа што не им се обновени пасошите.


Можеби ќе ве интересира

12-ТИ ТРОФЕЈ ЗА КАРДИОЛОГОТ КЕДЕВ, ОСВОИ УШТЕ ЕДЕН ВРВ НАД 8.000 МЕТРИ: Се искачи и на кинескиот Шишапангма во Тибет

12-ТИ ТРОФЕЈ ЗА КАРДИОЛОГОТ КЕДЕВ, ОСВОИ УШТЕ ЕДЕН ВРВ НАД 8.000 МЕТРИ: Се искачи и на кинескиот Шишапангма во Тибет

ДОЖДОТ НЕМА ДА ПРЕСТАНЕ ВИКЕНДОВ, ТЕТОВО НАЈПОГОДЕНО: Ова се сцените од синоќа

ДОЖДОТ НЕМА ДА ПРЕСТАНЕ ВИКЕНДОВ, ТЕТОВО НАЈПОГОДЕНО: Ова се сцените од синоќа

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Поплави во Тетово, во Босна има и жртви

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Поплави во Тетово, во Босна има и жртви

ТЕТОВО: Поплавени се неколку улици и дворови

ТЕТОВО: Поплавени се неколку улици и дворови

КОМИСИЈАТА ЗА ЗАШТИТА ОД ДИСКРИМИНАЦИЈА УТВРДИ: Приватен универзитет не постапил правилно со тоа што отпуштил шест жени Македонки

КОМИСИЈАТА ЗА ЗАШТИТА ОД ДИСКРИМИНАЦИЈА УТВРДИ: Приватен универзитет не постапил правилно со тоа што отпуштил шест жени Македонки

ОЈО: Koсовец го пресекол патот на полицајци, правел маневри и овозможил камион да побегне

ОЈО: Koсовец го пресекол патот на полицајци, правел маневри и овозможил камион да побегне

„МОРА И ВЕНКО НЕШТО ДА КАЖЕ“: Се огласи Мицкоски за понудата на Филипче

„МОРА И ВЕНКО НЕШТО ДА КАЖЕ“: Се огласи Мицкоски за понудата на Филипче

ОБВИНЕТИОТ БОРЕ ВИДЕВСКИ НА НЕФРОЛОГИЈА ПОРАДИ ВЛОШЕНО ЗДРАВЈЕ: Одложено судењето за убиството на Вања и Панче

ОБВИНЕТИОТ БОРЕ ВИДЕВСКИ НА НЕФРОЛОГИЈА ПОРАДИ ВЛОШЕНО ЗДРАВЈЕ: Одложено судењето за убиството на Вања и Панче

ПОЛОВИНА ОД МЕДИЦИНСКИОТ КАДАР НА ДОГОВОР ДОБИВА ТРАЈНА РАБОТА: Таравари ветува решение за долгогодишниот проблем

ПОЛОВИНА ОД МЕДИЦИНСКИОТ КАДАР НА ДОГОВОР ДОБИВА ТРАЈНА РАБОТА: Таравари ветува решение за долгогодишниот проблем