08 Септември, 2024
0.0344

„Со ваквата поставеност развојната компонента на буџетот дополнително ослабува“: Finance Think за ребалансот

Објавено во: Македонија 26 Јули, 2024

Добивај вести на Viber

Ребалансот на Буџетот има реалистично макроекономско проектирање и проекцијата на буџетските приходи соодвествува со економските движења, сметаат аналитичарите „Finance Think“ . Сепак, укажуваат дека загрижува зголемувањето на буџетскиот дефицит за кој, велат дека не е изненадување со оглед на политичките ветувања во периодот на изборите. 

Од „Finance Think“ оценуваат дека проширувањето на буџетскиот дефицит е целосно застранување од патеката на фискална консолидација, која иако била недоволна, отпочнала по пандемиската 2020 година.

- Сепак, проширувањето на буџетскиот дефицит не е и не смее да се третира како изненадување. Политичките ветувања во периодот пред изборите што се одржаа порано годинава, навестуваа дека за нивното остварување е потребно значително проширување на фискалниот простор, што сега се огледува во 44 проценти зголемување на буџетскиот дефицит, наведуваат од „Finance Think“.

Според нив, во одредена мера, проширувањето е резултат на ветувањето за линеарно зголемување на пензиите од 2.500 денари во септември, односно вкупно 5.000 денари заклучно со март 2025 година.

- Со линеарното септемвриско усогласување, трошокот за пензии е скоро двојно поголем од редовното усогласување на пензиите со трошоците на живот и просечната плата, и тоа го притиска новопроектираниот продлабочен дефицит - оценува „Finance Think“.

Проширувањето на фискалниот дефицит, според „Finance Think“ е резултат и на две други тенденции. Првата се 
однесува на истрошеноста на буџетот заклучно со јуни годинава во износ од 71процент што е значајно несразмерно со периодот за кој се однесува, како и поврзаност со повеќеслојната економска криза од претходните години.

- Со ваквата поставеност на основниот Буџет и со предвидениот ребаланс, развојната компонента на буџетот не само што не се зајакнува, туку таа и дополнително ослабува. Во оваа насока, потребна е структурна промена во буџетирањето и во политиките на владата во претстојниот среднорочен период, велат од „Finance Think“.

Во однос на билатералниот заем од Унгарската влада во износ од 500 милиони евра со период на враќање од 15 години со вклучен тригодишен грејс период и каматна стапка од 3,25 проценти, од „Finance Think“ оценуваат дека  позајмување од билатерален партнер, занемарувајќи ја евентуалната политичка компонента, по поповолни услови од моментално пазарните, се чини како конструктивен чекор, иако каматната стапка на било кое позајмување моментално е повисока од остварувањето на економскиот раст во земјава.

Клучното прашање, според „Finance Think“, е искористувањето на овие средства во развојни цели и тоа за инвестициски проекти на компаниите и за нови капитални проекти на општините, наместо за покривање на веќе настанатите долгови од нерационално управување со локалните јавни финансии.

Иако ликвидноста на домашниот банкарски систем е соодветна на макроекономските услови, сепак, како што оценува „Finance Think“, проширувањето на фискалниот дефицит во дел финансирано и од домашната ликвидност, крие дополнителен ризик од тоа фискалната експанзија да влијае каматните стапки во економијата да не може да се симнат во разумен период, што веќе отпочнало во повеќе економии во Европа и светот.

Можеби ќе ве интересира

ДОЖДОТ ИЗГАСНА ДЕЛ ОД ПОЖАРОТ ВО МАРИОВО - два „Ер трактори“ и полициските хеликоптери се неисправни

ДОЖДОТ ИЗГАСНА ДЕЛ ОД ПОЖАРОТ ВО МАРИОВО - два „Ер трактори“ и полициските хеликоптери се неисправни

„Тие што ја посадија семката на коцкањето се обидуваат да ја дефокусираат јавноста“: Вреди најавува нов закон за намалување на казината

„Тие што ја посадија семката на коцкањето се обидуваат да ја дефокусираат јавноста“: Вреди најавува нов закон за намалување на казината

„Се расчистуваше ли теренот за приватен инвеститор да постави ветерници“: Левица прашува дали е коинциденија пожарот на Плакенска планина

„Се расчистуваше ли теренот за приватен инвеститор да постави ветерници“: Левица прашува дали е коинциденија пожарот на Плакенска планина

„ДА СЕ ИСТРАЖИ КАКО Е ИЗБРАНА ФИРМА ЗА НАДЗОР НАД КОРИДОРИТЕ 8 И 10“: Николоски вели до крај на 2026 ќе се вози по автопат кон Охрид

„ДА СЕ ИСТРАЖИ КАКО Е ИЗБРАНА ФИРМА ЗА НАДЗОР НАД КОРИДОРИТЕ 8 И 10“: Николоски вели до крај на 2026 ќе се вози по автопат кон Охрид

ПО РАСПРАВИЈА ГО НАПАДНАЛЕ СОСЕДОТ СО ТВРДИ ПРЕДМЕТИ - уапсени две лица од Кочани за убиство

ПО РАСПРАВИЈА ГО НАПАДНАЛЕ СОСЕДОТ СО ТВРДИ ПРЕДМЕТИ - уапсени две лица од Кочани за убиство

ОГНЕНАТА ЛИНИЈА ВО МАРИОВО СЕ ПРОШИРИ - на терен испратени се преку 200 професионалци

ОГНЕНАТА ЛИНИЈА ВО МАРИОВО СЕ ПРОШИРИ - на терен испратени се преку 200 професионалци

Охриѓанец бара помош од полиција - на телото на детето забележал подливи откако го земал од градинка

Охриѓанец бара помош од полиција - на телото на детето забележал подливи откако го земал од градинка

„КРИЕЛ ЛИ ФИЛИПЧЕ ИМОТ“: Митева од ВМРО тврди дека Венко има 5 стана во Скопје кои не ги пријавил додека бил министер

„КРИЕЛ ЛИ ФИЛИПЧЕ ИМОТ“: Митева од ВМРО тврди дека Венко има 5 стана во Скопје кои не ги пријавил додека бил министер

ВРАБОТЕН ВО ШУМСКА ПОЛИЦИЈА ФАТЕН СО КРАДЕНИ ДРВА - надлежните велат нелегалната трговија со дрво мора да запре

ВРАБОТЕН ВО ШУМСКА ПОЛИЦИЈА ФАТЕН СО КРАДЕНИ ДРВА - надлежните велат нелегалната трговија со дрво мора да запре