05 Октомври, 2024
0.0408

СРЕДБА ЏАФЕРИ-АГЕЛЕР: Изборот на прв премиер Албанец е силна потврда за демократизацијата на Северна Македонија

Објавено во: Македонија 02 Февруари, 2024

Добивај вести на Viber

Teхничкиот премиер Талат Џафери денеска се сретна со амбасадорката на Соединетите Американски Држави(САД) во земјава,  Анџела Прајс Агелер.

Премиерот Џафери ја истакна посветеноста на Владата кон стратешкото партнерство на Северна Македонија со Соединетите Американски Држави и нагласи дека и на новата функција ќе продолжи да биде силен промотор на таа соработка.

На средбата, премиерот и амбасадорката разговараа за потребата од обезбедување континуитет и ефикасност во работата на Владата и државните институции, и вложување на севкупни напори за подготовка и реализација на фер и демократски избори.

Премиерот Џафери нагласи дека претседателските и парламентарните избори се клучни за иднината на земјата и ќе претставуваат потврда за правецот на нејзиното натамошно движење. Во таа насока, двајцата соговорници се согласија дека процесот на преговори за членство во ЕУ ќе овозможи и позитивна трансформација на демократските капацитети во државата, засилување на реформските процеси во сферата на владеење на правото и борбата со корупцијата.

Амбасадорката Агелер му го честиташе изборот на премиерот Џафери, истакнувајќи ја важноста од неговата улога во демократскиот развој на земјата како прв претседател на Собранието, Албанец и прв претседател на Владата на Северна Македонија, Албанец во историјата на земјата. Агелер потенцираше дека изборот на премиерот Џафери испраќа силна порака дека, како и во Соединетите Американски Држави, така и во Северна Македонија, диверзитетот и почитувањето на неговото богато културно наследство ја прават земјата уште посилна. Амбасадорката ја истакна силната поддршка на САД на патот на Северна Македонија кон Европската Унија и изрази подготвеност за натамошна блиска соработка со Владата на тој пат.

Премиерот Џафери ја нагласи определбата на Владата за активно продолжување на процесите и реформите врзани за евроинтеграцијата на Северна Македонија, со цел отворање нови можности за поголем економски просперитет и демократски развој. Меѓу другото, премиерот ја извести амбасадорката и за предлог Законот за рестриктивни мерки за кој се прават дополнителни и сеопфатни консултации, по што е предвидено повторно разгледување на истиот на следната владина седница.

Џафери изрази благодарност за континуираната поддршка од САД за стабилноста и просперитетот на Северна Македонија и истакна дека нашиот придонес во колективната безбедност како земја членка на НАТО, ќе продолжи.

Можеби ќе ве интересира

ДОЖДОТ НЕМА ДА ПРЕСТАНЕ ВИКЕНДОВ, ТЕТОВО НАЈПОГОДЕНО: Ова се сцените од синоќа

ДОЖДОТ НЕМА ДА ПРЕСТАНЕ ВИКЕНДОВ, ТЕТОВО НАЈПОГОДЕНО: Ова се сцените од синоќа

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Поплави во Тетово, во Босна има и жртви

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Поплави во Тетово, во Босна има и жртви

ТЕТОВО: Поплавени се неколку улици и дворови

ТЕТОВО: Поплавени се неколку улици и дворови

КОМИСИЈАТА ЗА ЗАШТИТА ОД ДИСКРИМИНАЦИЈА УТВРДИ: Приватен универзитет не постапил правилно со тоа што отпуштил шест жени Македонки

КОМИСИЈАТА ЗА ЗАШТИТА ОД ДИСКРИМИНАЦИЈА УТВРДИ: Приватен универзитет не постапил правилно со тоа што отпуштил шест жени Македонки

ОЈО: Koсовец го пресекол патот на полицајци, правел маневри и овозможил камион да побегне

ОЈО: Koсовец го пресекол патот на полицајци, правел маневри и овозможил камион да побегне

„МОРА И ВЕНКО НЕШТО ДА КАЖЕ“: Се огласи Мицкоски за понудата на Филипче

„МОРА И ВЕНКО НЕШТО ДА КАЖЕ“: Се огласи Мицкоски за понудата на Филипче

ОБВИНЕТИОТ БОРЕ ВИДЕВСКИ НА НЕФРОЛОГИЈА ПОРАДИ ВЛОШЕНО ЗДРАВЈЕ: Одложено судењето за убиството на Вања и Панче

ОБВИНЕТИОТ БОРЕ ВИДЕВСКИ НА НЕФРОЛОГИЈА ПОРАДИ ВЛОШЕНО ЗДРАВЈЕ: Одложено судењето за убиството на Вања и Панче

ПОЛОВИНА ОД МЕДИЦИНСКИОТ КАДАР НА ДОГОВОР ДОБИВА ТРАЈНА РАБОТА: Таравари ветува решение за долгогодишниот проблем

ПОЛОВИНА ОД МЕДИЦИНСКИОТ КАДАР НА ДОГОВОР ДОБИВА ТРАЈНА РАБОТА: Таравари ветува решение за долгогодишниот проблем

„НИКОГАШ НЕ ПОБЕДИЛ НА НАТПРЕВАР И НА ИЗБОРИ, А СЕКОГАШ Е ШАМПИОН И НА ВЛАСТ“ - новинарот Фуркан Салиу за Мендух Тачи

„НИКОГАШ НЕ ПОБЕДИЛ НА НАТПРЕВАР И НА ИЗБОРИ, А СЕКОГАШ Е ШАМПИОН И НА ВЛАСТ“ - новинарот Фуркан Салиу за Мендух Тачи