21 Мај, 2024
0.0477

Владата ќе го намалува бројот на членовите во Управните одбори на јавните претпријатија

Објавено во: Економија 16 Февруари, 2021

Добивај вести на Viber

Владата планира да го намали бројот на членови на Управните одбори на јавните претпријатија до три, односно до петмина. Според Владата, моментно многу луѓе се вклучени во овие одбори, а тоа повлекува и големи трошоци. 

Ова е наведено во програмата на Владата за 2021, во која стои дека кон крајот на оваа година се очекува да се предложи изменување и дополнување на Законот за јавните претпријатија. Исто така, се планира и намалување на членовите на надзорните одбори. Со гоидни Владата троши милиони евра за плати и надоместоци на членовите во управните и надзорните одбори. Практиката еден ист човек да зема и плата на едно место и хонорар за членувањето во одборот беше тема која поттикнуваше сомнеж за оправданоста на овие трошоци.

„Со примена на постојното законско решение во самата пракса, извршената анализа во реализацијата на ваквата законска можност и при проценка на регулативата на ова законско решение е утврдено дека бројот на членови на управните и надзорните одбори е премногу голем и не соодејствува со реалните потреби на претпријатието но и со финансиските можности на јавните претпријатија. Со предложеното законско решение се намалува бројот на членови на управниот одбор на јавните претпријатија од три до пет членови а бројот на членови на надзорниот одбор се ограничува на три членови“, пишува во наведеното образложение во владината годишна програма која што е тукушто објавена.

Не е наведено на кои јавни претпријатија се мисли и кои се критериумите дали бројот на членови на УО ќе бидат само тројца, или само петмина и дали тука е вклучен и директорот. Исто така, не е наведено дали се мисли на јавните претпријатија на национално, или пак и на оние на локално ниво.

Во очекуваните влијанија стои дека со ваквиот радикален чекор ќе следува поефикасното и помобилно функционирање на јавните претпријатија и дека со тоа ќе се  придонесе за зголемување на квалитетот на услугите кои им се даваат на граѓаните и бизнис заедницата. 

Со законските измени кои ги предлага Министерството за економија се тврди дека ќе се обезбедат значителни заштеди по оваа основа. Љупчо Николовски, вицепремиерот за борба против корупцијата, одржлив развој и човечки ресурси единствено досега го коментираше работењето на управните одбори дека треба да работат порационално.

Инаку во Управните одбори на јавните претпријатија надоместоците знаат да бидат особено високи во зависност од тоа колкави се годишните приходи, а бројот на членови некаде достигнува и до петнаесет. Во Македонија има околу 130 јавни претпријатија, од кои поголемиот дел се основани од општините.

Анализа на Центарот за граѓански комуникации покажа дека има голема разноликост во однос на бројот на членови на управните одбори и тој се движи во рамките на законскиот минимум и максиум, односно од 5 до 15 членови. Во однос, пак, на надзорните одбори кај јавните претпријатија, се почитува обврската за пет члена, а кај акционерските друштва има и надзорни одбори со по 7 члена.

Во тоа истражување од пред две години стоеше дека висината на надоместокот за членовите на одборите се движи од 800 денари по одржана седница, колку што се плаќа во Комуналец – Прилеп, до надоместок од 27.000 денари месечно, за претседателот на Надзорниот одбор на Македонската радио-телевизија. Прости пресметки за над илјада луѓе ангажирани во одбори со просечна исплата покажува дека на годишно ниво овие луѓе може да трошат и до два милиони евра од буџетот.

А.К.


Можеби ќе ве интересира

Д-р Адижес со моќни пораки до македонските компании

Д-р Адижес со моќни пораки до македонските компании

БЕЗ ИЛЈАДА ЕВРА НЕ СЕ КРПИ МЕСЕЦОТ - делумно намалени месечните трошоци, еве колку изнесува синдикалната кошница

БЕЗ ИЛЈАДА ЕВРА НЕ СЕ КРПИ МЕСЕЦОТ - делумно намалени месечните трошоци, еве колку изнесува синдикалната кошница

СОПСТВЕНИЧКИ МАЛИ ПРОМЕНИ - претседателот на УО на „Алкалоид“, Мукаетов, се стекна со 400 обични акции

СОПСТВЕНИЧКИ МАЛИ ПРОМЕНИ - претседателот на УО на „Алкалоид“, Мукаетов, се стекна со 400 обични акции

ЈА ПРЕКИНАА ПРОДАЖБАТА НА БИЛЕТИ ОД СКОПЈЕ ДО КРФ - грчки Ејџијан Ерлајнс ја укина авиолинијата која требаше да се одвива два пати неделно

ЈА ПРЕКИНАА ПРОДАЖБАТА НА БИЛЕТИ ОД СКОПЈЕ ДО КРФ - грчки Ејџијан Ерлајнс ја укина авиолинијата која требаше да се одвива два пати неделно

БЕШЕ ГУВЕРНЕР НА НАРОДНА БАНКА: Димитар Богов стравува од „финансиски колапс“ за Украина

БЕШЕ ГУВЕРНЕР НА НАРОДНА БАНКА: Димитар Богов стравува од „финансиски колапс“ за Украина

ФАКТОР ИСТРАЖУВА: Автоплац, хотел и учебници билдаат добивки во Кочани

ФАКТОР ИСТРАЖУВА: Автоплац, хотел и учебници билдаат добивки во Кочани

ИЗВОНРЕДНА МОЖНОСТ ЗА РАБОТА ВО ХРВАТСКА! Плати огромни, работници нема, а побарувачката расте

ИЗВОНРЕДНА МОЖНОСТ ЗА РАБОТА ВО ХРВАТСКА! Плати огромни, работници нема, а побарувачката расте

ФАКТОР АНАЛИЗА: Милиони евра од струја се прават во Македонија и со еден вработен

ФАКТОР АНАЛИЗА: Милиони евра од струја се прават во Македонија и со еден вработен

СМРТТА НА ИРАНСКИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ НАЈВЕРОЈАТНО ЌЕ ВЛИЈАЕ НА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Ситуацијата внимателно се следи

СМРТТА НА ИРАНСКИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ НАЈВЕРОЈАТНО ЌЕ ВЛИЈАЕ НА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Ситуацијата внимателно се следи