21 Мај, 2024
0.0294

ВРАЌАЊЕ НА БУНДЕСЛИГАТА: Не се врти само топката, туку и големи пари, ќе закрепнува ли германската економија?

Објавено во: Економија 16 Мај, 2020

Добивај вести на Viber

Продолжувањето на фудбалската Бундес лига е од огрмомно економско значење за Германија, но пандемијата откри што е расипано во професионалниот фудбал каде што многу клубови не можат да преживеат доколку не се игра два-три месеца, покажува анализата на Дојче веле.

Играчите се поделени, некои се радуваат, некои го критикуваат продолжувањето на Бундеслигата на терените како лекомислен чекор, а акономистите потсетуваат дека не се врти само топката, туку и големи пари, наведува Дојче Веле.

-Повеќе од сигурно е дека притисокот е извршен и од медиумските партнери, бидејќи правата на пренесувањето на утакмиците се важен дел од бизнис моделот на фудбалските клубови, појаснува Хенинг Фепел, експерт од Институтот за светска економија  во Хамбург, додавајќи дека не станува збор смо за пари од преносите-тука се и рекламите, како оние за спортската опрема и дресовите што ги носта играчите.

-Многу од спонзорите веќе палтија, а до сега немаат добиено ништо за возврат, заради што размислуваат за откажување на соработката. На, крајот на краиштата, фудбалот се состои од еден цел синџир на услуги и исплати кои влијаат едни на други, истанува Фепел.

Празните трибини значат и голем минус бидејќи ги нема приходите од влезниците.Спортскиот магазин Кикер пресметал дека во благајните на сите второлигаши ќе остане дупка од околу 22 милиони евра, додека кај прволигашите тоа ќе биде минус од 67 милиони евра.

-Сепак, првите фудбалски лиги во светот се уште може да сметаат на приходите од медиумите и покровителите, за разлика од клубовите од пониските лиги, кои практично немаат никакви приходи, резимира Фепел, но додава дека дури и врвните клубови кои годишно прават обрт од стотици милиои сега се во вистинска невоља зошто немаше фудбал речиси три месеци.

-Повеќето од клубовите немаат скоро никаква финасиска резерва, туку парите пред се ги вложуваа за купување нови играчи. Можеби оваа криза ќе ги наведе клубовите финасиски попаменто да се постават, а тоа е и главна задача на Германската Фудбалска Лига, која е надлежна за надзор на бклагајните на клубовите, оценува анализата на Дојче Веле.

Дури и пред да биде прекината сезоната поради пандемијата, на дербито кое без публика го играа Менхенгладбах и Келн на 11. март, забележливо беше колку болно недостасуваат навивачите. Па, Фепел предупредува дека квалитетот на доживувањето на една таква утакмица е значително помал, што би можело да биде вистинска штета и за самата игра, но и за економскиот дел на фудбалот. Бората против пандемијата многу што доведе во прашање, вклучувајќи и што ќе биде со фуѕдбалот во иднина. Во Германија се уште важи принципот 50+1, според кој евентуален инвеститор и барем финасиски, мнозински сопственик на клуб нема право да одлучува за тоа како клубот ќе се постави. Но, во оваа беспарица, како што проценува Фепел, клубовите лесно би можеле да се согкласат на сите услови на инвеститорот, дури и на тоа, тој да одлучува за играчите и играта на клубот.

Дали корона вирусот ќе придонесе до уште поголема комерцијализација или фудбалот ќе се насочи но вистински спорт, поставува прашање Дојче Веле. Фепел заклучува дека би било важно за фудбалот да увиди во кризата што го прави толку вреден и кога станува збор за самата игра, но и кога се работи за луѓето што гледаат фудбал.


Можеби ќе ве интересира

Д-р Адижес со моќни пораки до македонските компании

Д-р Адижес со моќни пораки до македонските компании

БЕЗ ИЛЈАДА ЕВРА НЕ СЕ КРПИ МЕСЕЦОТ - делумно намалени месечните трошоци, еве колку изнесува синдикалната кошница

БЕЗ ИЛЈАДА ЕВРА НЕ СЕ КРПИ МЕСЕЦОТ - делумно намалени месечните трошоци, еве колку изнесува синдикалната кошница

СОПСТВЕНИЧКИ МАЛИ ПРОМЕНИ - претседателот на УО на „Алкалоид“, Мукаетов, се стекна со 400 обични акции

СОПСТВЕНИЧКИ МАЛИ ПРОМЕНИ - претседателот на УО на „Алкалоид“, Мукаетов, се стекна со 400 обични акции

ЈА ПРЕКИНАА ПРОДАЖБАТА НА БИЛЕТИ ОД СКОПЈЕ ДО КРФ - грчки Ејџијан Ерлајнс ја укина авиолинијата која требаше да се одвива два пати неделно

ЈА ПРЕКИНАА ПРОДАЖБАТА НА БИЛЕТИ ОД СКОПЈЕ ДО КРФ - грчки Ејџијан Ерлајнс ја укина авиолинијата која требаше да се одвива два пати неделно

БЕШЕ ГУВЕРНЕР НА НАРОДНА БАНКА: Димитар Богов стравува од „финансиски колапс“ за Украина

БЕШЕ ГУВЕРНЕР НА НАРОДНА БАНКА: Димитар Богов стравува од „финансиски колапс“ за Украина

ФАКТОР ИСТРАЖУВА: Автоплац, хотел и учебници билдаат добивки во Кочани

ФАКТОР ИСТРАЖУВА: Автоплац, хотел и учебници билдаат добивки во Кочани

ИЗВОНРЕДНА МОЖНОСТ ЗА РАБОТА ВО ХРВАТСКА! Плати огромни, работници нема, а побарувачката расте

ИЗВОНРЕДНА МОЖНОСТ ЗА РАБОТА ВО ХРВАТСКА! Плати огромни, работници нема, а побарувачката расте

ФАКТОР АНАЛИЗА: Милиони евра од струја се прават во Македонија и со еден вработен

ФАКТОР АНАЛИЗА: Милиони евра од струја се прават во Македонија и со еден вработен

СМРТТА НА ИРАНСКИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ НАЈВЕРОЈАТНО ЌЕ ВЛИЈАЕ НА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Ситуацијата внимателно се следи

СМРТТА НА ИРАНСКИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ НАЈВЕРОЈАТНО ЌЕ ВЛИЈАЕ НА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Ситуацијата внимателно се следи