05 Октомври, 2024
0.0308

ВРАТЕНИ МУ СЕ ПАСОШОТ И ЛИЧНАТА КАРТА: Ѓорѓе Давид еднаш месечно ќе се јавува во судот во Куманово

Објавено во: Македонија 01 Февруари, 2024

Добивај вести на Viber

Српскиот пејач Ѓорѓе Давид еднаш месечно ќе се јавува во судот во Куманово. 

Српскиот државјанин кој учествуваше во сообраќајната несреќа во близина на граничниот премин Табановце ќе се јавува еднаш во месецот во Основен суд Куманово, соопштија за МИА од судот. Нему му се вратени пасошот и личната карта.

Тој треба да се јавува секој 15-ти во месецот. Доколку 15 е неработен треба да се јави наредниот работен ден.

Против ваквото решение немаше жалба од ОЈО Куманово и решението е правосилно на ден 30.01.2024 година (вторник), патната исправа и личната карта му беа вратени на српскиот државјанин, велат од кумановскиот Суд. 

„Судија на претходна постапка при Основен суд Куманово, постапувајќи по предлог на бранител на осомничениот Ѓ. Н. од Република Србија за замена на мерка на обезбедување на присуство – мерка на претпазливост на ден 26 јануари, годинава донесе решение со кое делумно го уважи барањето на бранителот на осомничениот, ги укина мерките претпазливост привремено, одземање на лична карта за преминување на државна граница, како и патна исправа“, соопшти Судот.

Претходно СВР Куманово информираше дека во сообраќајната несреќа што се случи на 20 јануари на автопатот Куманово-Табановце на два километри пред граничниот премин, околу 20:00 часот, учествувале три автомобили, од кои едниот со српски национални ознаки.

Во сообраќајката учествувале патничко возило „фолксваген поло“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Б.Т.(24) од Куманово, патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.П.(45) од Куманово и патничко возило „опел инсигниа“ со српски национални ознаки, управувано од Ѓ.Н.(59) од Република Србија. Во несреќата, од здобиените повреди починала Љ.Т.(49) од Куманово, сопатничка во возилото „поло“. 

Со тешки телесни повреди се здобиле В.П. и Б. Т, а со телесни повреди се здобил Ѓ.Н., констатирани во болницата во Куманово.

Од Обвинителството тогаш извршија увид и според нивните првични сознанија, прво настанал судир меѓу автомобилите со македонски национални ознаки, бидејќи едно од возилата влегло на автопат во недозволена насока. Откако жената излегла од автомобилот на неа налетало возилото со српски ознаки. Од здобиените повреди, кумановката починала. Обвинителството тогаш издаде наредба за обдукција на починатата и за испитување на примероци од крв и урина на другите учесници кои беа хоспитализирани со полесни повреди. Прибрани биле и траги и материјални докази кои ќе се вештачат.

Пејачот деновиве преку социјалните мрежи соопшти дека со пласирање невистини, медиумите му го направиле животот пекол. 

Можеби ќе ве интересира

12-ТИ ТРОФЕЈ ЗА КАРДИОЛОГОТ КЕДЕВ, ОСВОИ УШТЕ ЕДЕН ВРВ НАД 8.000 МЕТРИ: Се искачи и на кинескиот Шишапангма во Тибет

12-ТИ ТРОФЕЈ ЗА КАРДИОЛОГОТ КЕДЕВ, ОСВОИ УШТЕ ЕДЕН ВРВ НАД 8.000 МЕТРИ: Се искачи и на кинескиот Шишапангма во Тибет

ДОЖДОТ НЕМА ДА ПРЕСТАНЕ ВИКЕНДОВ, ТЕТОВО НАЈПОГОДЕНО: Ова се сцените од синоќа

ДОЖДОТ НЕМА ДА ПРЕСТАНЕ ВИКЕНДОВ, ТЕТОВО НАЈПОГОДЕНО: Ова се сцените од синоќа

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Поплави во Тетово, во Босна има и жртви

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Поплави во Тетово, во Босна има и жртви

ТЕТОВО: Поплавени се неколку улици и дворови

ТЕТОВО: Поплавени се неколку улици и дворови

КОМИСИЈАТА ЗА ЗАШТИТА ОД ДИСКРИМИНАЦИЈА УТВРДИ: Приватен универзитет не постапил правилно со тоа што отпуштил шест жени Македонки

КОМИСИЈАТА ЗА ЗАШТИТА ОД ДИСКРИМИНАЦИЈА УТВРДИ: Приватен универзитет не постапил правилно со тоа што отпуштил шест жени Македонки

ОЈО: Koсовец го пресекол патот на полицајци, правел маневри и овозможил камион да побегне

ОЈО: Koсовец го пресекол патот на полицајци, правел маневри и овозможил камион да побегне

„МОРА И ВЕНКО НЕШТО ДА КАЖЕ“: Се огласи Мицкоски за понудата на Филипче

„МОРА И ВЕНКО НЕШТО ДА КАЖЕ“: Се огласи Мицкоски за понудата на Филипче

ОБВИНЕТИОТ БОРЕ ВИДЕВСКИ НА НЕФРОЛОГИЈА ПОРАДИ ВЛОШЕНО ЗДРАВЈЕ: Одложено судењето за убиството на Вања и Панче

ОБВИНЕТИОТ БОРЕ ВИДЕВСКИ НА НЕФРОЛОГИЈА ПОРАДИ ВЛОШЕНО ЗДРАВЈЕ: Одложено судењето за убиството на Вања и Панче

ПОЛОВИНА ОД МЕДИЦИНСКИОТ КАДАР НА ДОГОВОР ДОБИВА ТРАЈНА РАБОТА: Таравари ветува решение за долгогодишниот проблем

ПОЛОВИНА ОД МЕДИЦИНСКИОТ КАДАР НА ДОГОВОР ДОБИВА ТРАЈНА РАБОТА: Таравари ветува решение за долгогодишниот проблем