26 Октомври, 2024
0.0275

„НАСКОРО ВИСТИНАТА И ЗА ВОДАТА, И ЗА СИТЕ ПРИТИСОЦИ“: Костадинов вели водата во Струмица е исправна, најави напуштање на ЗЕЛС

Објавено во: Македонија 24 Октомври, 2024

Добивај вести на Viber

Општина Струмица ја напушта Заедницата на единиците на локална самоуправа (ЗЕЛС), а според пишувањата на дел од медиумите, тоа ќе го стори и градоначалникот на Карпош.

Ваквиот потег го најави градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов во објава на Фејсбук каде наведе дека ќе спреми и официјален допис до ЗЕЛС. 

- ЗЕЛС не ја заслужува партиципацијата на Струмица. Го напуштаме ЗЕЛС, со целата одговорност, обиди за соработка, партнерски однос, доволно е.
Филозофија без прагма, штета за која ја плаќаат граѓаните! Ова е еден од најголемите скандали во Европа за повреда на човековите права, за уставните права и слободи. За мојата Струмица, компромиси немало, нема и нема да има! Нека ви е со среќа, напиша Костадинов.

Потоа посочи дека „Борбата против Струмица продолжува, чекаа, калкулираа и денес преку медиуми се научивме дека не ни даваат решение за водата“.

- Одговорно тврдам, а потврда за тоа ќе бидат резултатите кои утре повторно ќе бидат објавени, дека водата е исправна и хемиско физичкиот состав и микробиолошки.
Решивте на грбот на народот да правите политика, скапо ќе плати некој за оваа фашистичка операција врз Струмица и струмичани - нагласува Костадинов.

Потоа посочи дека „наскоро вистината и за водата, но и за сите притисоци, врз инспектори, врз вработени во ИЈЗ само да не се кажуваат јавно резултатите оти истите не се во прилог на политиката на Цветан Трипуновски. Ние струмичани сме трпеливи, сме издржале многу неправди и злобни работи, ќе го издржиме и ова“.


Фото: Принтскрин/Фејсбук

Можеби ќе ве интересира

Се спроведуваат вонредни инспекциски надзори во повеќе универзитети

Се спроведуваат вонредни инспекциски надзори во повеќе универзитети

Директор на подружница на „Национални шуми“ искриумчарил дрва од 13.500 евра

Директор на подружница на „Национални шуми“ искриумчарил дрва од 13.500 евра

Калајџиев: Помилувавме човек за пронајден пиштол и пет куршуми кај него дома

Калајџиев: Помилувавме човек за пронајден пиштол и пет куршуми кај него дома

Мицкоски се откажа од испраќањето на писмото: Се е разговарано со лидерите на ЕУ

Мицкоски се откажа од испраќањето на писмото: Се е разговарано со лидерите на ЕУ

Герасимовски: Парите за проекти од унгарскиот кредит ќе ги земат и „опозициски“ градоначалници, но и претходната влада ги помагаше општините

Герасимовски: Парите за проекти од унгарскиот кредит ќе ги земат и „опозициски“ градоначалници, но и претходната влада ги помагаше општините

Момче избодено со нож во автобус кај „Сити Мол“, уапсен 15-годишник

Момче избодено со нож во автобус кај „Сити Мол“, уапсен 15-годишник

Тетовчанец се фотографирал со рачни гранати, жители го испорачале кај полицијата

Тетовчанец се фотографирал со рачни гранати, жители го испорачале кај полицијата

Коста Костадинов: Нема да присуствувам на следната седница на ЗЕЛС

Коста Костадинов: Нема да присуствувам на следната седница на ЗЕЛС

ФАКТОР НА ДЕНОТ: ЗЕЛС ќе посредува за надминување на конфликтот со градоначалниците

ФАКТОР НА ДЕНОТ: ЗЕЛС ќе посредува за надминување на конфликтот со градоначалниците