21 Мај, 2024
0.0269

Бизнисменот Методи Миладинов се кае што ја пријави стечајната управничка Нада Цветановска

Објавено во: Економија 15 Мај, 2020

Добивај вести на Viber

Бизнисменот Методи Миладинов, кој ја пријави за мито познатата стечајна управничка Наде Цветановска од Штип, по што истата заврши в затвор, од денешен аспект се кае што го сторил истото и вели дека добро би размислил дали повторно ќе го направи истото.

Сопственикот на фирмата „МТ Комерц“ и управител на ДОО „Три Чешми“ во емисијата „Стадион“ на Канал 77, која на програмата е утре попладне во 12.00 часот, вели дека подоцна релациите на Цветановска и нејзините кругови му се одмаздиле по што и тој завршил зад решетки.

Цветановска имаше импресивна кариера на стечајна управничка. За спроведена стечајна  постапка на штипскиот гигант ,,Астибо“ со близу 4000 вработени и илјадници квадрати во градежни објекти,  од Светска банка беше прогласена за најуспешна стечајна постапка. Две – три години по ласкавото признание, стечајната управничка  ја заврши својата кариера зад решетки. Цветановска, која учествуваше во изработката на Законот за стечај кој што беше донесен 2006 година, се сопна на еден друг закон – Кривичниот.

Цветановска беше прогласена за виновна за примање поткуп од 10.000 евра од Методи Миладинов, сопственик на фирмата ,,МТ Комерц“ и управител на ДОО „Три Чешми“, фирма чии што стечаен управник беше Цветановска. Според обвинението, таа неколку пати побарала и на крај и добила подарок од Миладинов од 10.000 евра, за да  признае оштета од 4.125.000 денари на ,,ТМ Комерц“ од „Три Чешми“. Миладинов, претходно ја пријавил во Одделот за организиран криминал на СВР Штип и во договореното време пред кафеаната ,,Нецко 2“ во Штип и’  дал обележани банкноти. Цветановска  беше уасена веднаш штом ги зела парите. Потоа следуваше судскиот процес, кој заврши со пресуда од четири години затворска казана за примање потпкуп. Цветановска  тогаш  тврдеше дека е жртва и дека целиот процес е наместен. Цветановска ја ислужи затворската казна во штипскиот затвор и сега е на слобода.

 Година-две  подоцна тој самиот доби кривични пријави, по што судот му пресуди  и тој си одлежа 18 месеци затвор за делото „Злоупотреба на службената положба и овластување“. Миладинов, е обвинет дека како овластено лице, реализирал незаконска исплата на доверителите.  Оваа пресуда Миладинов ја смета за начин на одмазда т.е наместена работа од луѓето на Цветановска од судот и полицијата, со кои што таа соработувала, но кои што останаа надвор од судскиот процес  што се водеше против неа. Миладинов ја заработил кривичната пријава за неговата работа како сопственик на  фирмата ,,Три Чешми “, на која што тој бил сопственик  пред таа да отиде во стечај, со обвинение дека  незаконски подмирувал доверители.

-Ме осудија на 18 месеци затвор и да вратам 4.600.000 денари. Сега би се размислил дали би пријавил. Сфатив  дека стечајната управничка имала поврзаност со стечајни судии и други луѓе поврзани со нејзината работа, соучесници. На рочиштето требаше да бидат повикани и дриги инволвирани и сведоци, но никој не беше повикан, само Цветановска беше осудена“, тврди Миладинов.

,,Сакав на јавноста да и’ покажам како работат нашите стечајни управници“, тврдеше во тој период Миладинов, а го кажа и во разговорот во емисијата која е најавена за утре.

-Стечајната управничка на повеќе наврати ми бараше пари за одвивање на стечајот во ,,Три Чешми“ и на почетокот и дадов 300.000 , но тие  пари требаше да ми ги врати  и јас како поранешен сопственик на фирмата и дадов пари.Таа не ми издаде документ тогаш. По еден месец побарав да ми ги врати парите, но таа ми рече дека  јас не сум и’ дал пари и тоа во присуство на други членови на Одборот на доверители. По извесно време Цветанова ми побара уште 2000 евра, со договор дека ќе ми ги врати парите, но тоа не се случи. Јас  бев член на Одбор на доверители, имав некои спорови во врска со мои побарувања во „Три Чешми“, но стечајната управничка успеа да ми го одземе лозовиот насад, кој беше 140 хектари. Јас и тогаш и пред стечајната судика реагирав, дека ми  должи пари, не  ми ги  враќа,  а ми го одзедоа  и лозовиот насад за чие подигање вложив многу пари. Потоа следуваше период на затишје за да по 4-5 месеци ми се јави  Цветановска  и ми побара пари. Ми бараше прво 20.000 евра, за да го заврши стечајот во моја корист.  Се работеше за некои објекти во кругот на ,,Три Чешми“. Таа ми рече, „сите тие објекти ќе бидат твои, а ти да ми дадеш 20.000 евра. Јас  и реков дека можам да дадам 10.000 евра, повеќе не давам. Таа се согласи . По тоа следуваше средба , јас и стечајната управничка се сретнавме во нејзиниот стан во зградата ,,Промаја“. Тогаш решив да ја пријавам, зошто во тој момент Цветановска беше стечајна управничка на шест фирми во стечај во Штип“, изјавува Миладинов.

Стечајната управничка Нада Цветановска подоцна беше осудена за уште едно кривично дело , „Затајување на данок“ од 54.000 евра при продажба на штипското претпријатие ,,Метална“.

Некогашната стечајна управничка, од сегашна временска дистанца, кога редакцијата на серијалот „Парадокс“ ја побара да го каже своето мислење, не сакаше да ги коментира случувањата. Дури инсистира воопшто да не се пишува за нејзиниот случај. Тоа, како што рече, би било отварање на стари рани и нови шпекулации.

Серијалот „Парадокс“ во емисијата „Стадион“ на Канал 77 покрива и други случаи во кои стечајни управници се замешале во криминал.



Можеби ќе ве интересира

ВАЖНА ВЕСТ ЗА АКЦИОНЕРИТЕ НА „МАКЕДОНИЈАТУРИСТ“ - еве кога компанијата ќе почне да дели дивиденда, кој на колку да се надева

ВАЖНА ВЕСТ ЗА АКЦИОНЕРИТЕ НА „МАКЕДОНИЈАТУРИСТ“ - еве кога компанијата ќе почне да дели дивиденда, кој на колку да се надева

Д-р Адижес со моќни пораки до македонските компании

Д-р Адижес со моќни пораки до македонските компании

БЕЗ ИЛЈАДА ЕВРА НЕ СЕ КРПИ МЕСЕЦОТ - делумно намалени месечните трошоци, еве колку изнесува синдикалната кошница

БЕЗ ИЛЈАДА ЕВРА НЕ СЕ КРПИ МЕСЕЦОТ - делумно намалени месечните трошоци, еве колку изнесува синдикалната кошница

СОПСТВЕНИЧКИ МАЛИ ПРОМЕНИ - претседателот на УО на „Алкалоид“, Мукаетов, се стекна со 400 обични акции

СОПСТВЕНИЧКИ МАЛИ ПРОМЕНИ - претседателот на УО на „Алкалоид“, Мукаетов, се стекна со 400 обични акции

ЈА ПРЕКИНАА ПРОДАЖБАТА НА БИЛЕТИ ОД СКОПЈЕ ДО КРФ - грчки Ејџијан Ерлајнс ја укина авиолинијата која требаше да се одвива два пати неделно

ЈА ПРЕКИНАА ПРОДАЖБАТА НА БИЛЕТИ ОД СКОПЈЕ ДО КРФ - грчки Ејџијан Ерлајнс ја укина авиолинијата која требаше да се одвива два пати неделно

БЕШЕ ГУВЕРНЕР НА НАРОДНА БАНКА: Димитар Богов стравува од „финансиски колапс“ за Украина

БЕШЕ ГУВЕРНЕР НА НАРОДНА БАНКА: Димитар Богов стравува од „финансиски колапс“ за Украина

ФАКТОР ИСТРАЖУВА: Автоплац, хотел и учебници билдаат добивки во Кочани

ФАКТОР ИСТРАЖУВА: Автоплац, хотел и учебници билдаат добивки во Кочани

ИЗВОНРЕДНА МОЖНОСТ ЗА РАБОТА ВО ХРВАТСКА! Плати огромни, работници нема, а побарувачката расте

ИЗВОНРЕДНА МОЖНОСТ ЗА РАБОТА ВО ХРВАТСКА! Плати огромни, работници нема, а побарувачката расте

ФАКТОР АНАЛИЗА: Милиони евра од струја се прават во Македонија и со еден вработен

ФАКТОР АНАЛИЗА: Милиони евра од струја се прават во Македонија и со еден вработен