18 Декември, 2025
0.1881

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ахмети не планира да се повлече, вели дека не изгубил избори

Објавено во: Македонија 24 Октомври, 2025 22:06

Добивај вести на Viber

АЛИ АХМЕТИ  НЕ ПЛАНИРА ДА СЕ ПОВЛЕЧЕ

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети вели дека не изгубил избори за да се повлече од функцијата.

Тој рече дека дека коалицијата НАИ, која ја предводи ДУИ освоиле 114.076 гласви и со тоа 159 советници, а коалицијата „Вреди“ дека освоила 91.000 со 122 советници.

За другите политички партии тој смета дека воделе кампања со националистички карактер.

„Почнувајќи пропаганда пред кампања, која бара албански нека бега во Албанија, во Косово, да доминира да се претставува дека оваа држава е само на Македонците. И од тука извираше мотото за жал „Македонија повторно твоја“. Ние се залагаме и ќе се залагаме, со најголема искреност за европска Македонија, добри меѓуетнички односи, нула проблеми со соседите, така сметаме дека и служиме на иднината, не на минатото. Имало секакви изјави ние корумпирани, криминализиани, јас стојам пред вас сум предводник на студентското движење од 1981 тогаш политиката од Блеград диригирана со политиките на Никола Пашиќ, ме нарекле националист, сепаратист, иредентист и модерната политика ме вика корумпирани и криминализиран мене и мојата политичка партија“, истакна Ахмети.

ИЈЗ ИЗЛЕЗЕ СО ПРЕПОРАКИ ЗА ГРАЃАНИТЕ

Епидемиолошката состојба во Скопје е стабилна, но се препорачува одржување на лична хигиена при ракување со отпад како што е користење на ракавици, маска, миење раце, дезинфициенс, совесно одлагање на отпадот во контејнери и избегнување на нелегални депонии како и затворање на капаците на кантите и избегнување физички контакт со отпадот и исцедокот.

Ова е препораката на Институтот за јавно здравје кој е дел од интеринституционалната работна група за справување со актуелната состојба со отпадот во Скопје. Во групата се вклучени Институтот за јавно здравје, МВР Скопје, Државниот комунален инспекторат, Државниот инспекторат за животна средина и ДСЗУ.

ВРЕДИ ПОРАЧА ЖИТЕЛИТЕ НА КИЧЕВО САМО ДА ОДЛУЧАТ ЗА КОГО ЌЕ ГЛАСААТ

Политиката градена 20 години со самозадоволство, измама и ароганција се урна на 19 октомври како кула од карти. Победите на ВРЕДИ во Чаир, Сарај, Арачиново, Желино, Теарце и убедливото водство во Тетово, Боговиње, Дебар, Струга, Брвеница и Долнени се јасниот одговор на Албанците на ПР-трикот „референдум“ што го трубеше мачното трио Ахмети-Таравари-Села со месеци, се вели во соопштението од Вреди.

„Во Кичево се виде вистинското лице на старата политичка каста. Кога избувна скандалот, одговорот беше ист како 20 години по ред „да го поминеме и ова, како и секој друг пат“. Ова е филозофијата што ги држи Албанците како заложници, затворете ги очите, преправајте се дека не слушате, а утре продолжете како ништо да не се случило“, велат од таму.

НЕЗАВИСЕН КАНДИДАТ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК ВО МОГИЛА СЕ ПОВЛЕЧЕ

Независниот кандидат за градоначалник на Општина Могила, Сашо Пивковски, денеска објави дека се повлекува од изборната трка, со што нов градоначалник ќе биде Драганчо Саботковски од коалицијата „ТВОЈА МАКЕДОНИЈА“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

Во првиот изборен круг, одржан на 18 октомври, Саботковски освои 1.662 гласа, додека Пивковски доби 1.253. Пивковски во својата изјава посочи дека одлуката не била лесна, но е донесена по „внимателно размислување и разговори со граѓаните“.

„Ова не беше лесна одлука, но верувам дека е исправна и чесна во овој момент, во интерес на нашата општина и на сите граѓани што живеат во неа. Политиката не смее да создава поделби меѓу луѓето, особено не меѓу пријатели и семејства. Нашата сила е во заедништвото, не во поделбите“, изјави Пивковски.

ВЕНКО КРСТЕВСКИ СЕ ИЗВИНИ НА СЕМЕЈСТВОТО НА ДНК

Кандидатот за градоначалник на Кочани, Венко Крстевски, преку видео обраќање јавно се извини на фамилијата и пријателите на починатиот член на дуото ДНК, Владимир Блажев - Панчо. Тој призна дека погрешил, но дека изјавата била дадена искрено, без зла намера.

Крстевски изјави дека дал „искрен одговор“ и вели дека секој може да згреши додавајќи дека неговите гревови се „само една капка во морето“. Во пораката нагласи дека сега е време за обединување и повика сите Кочанчани заедно да се посветат на подобра иднина.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Просечната месечна нето плата во „Македонски навигации“, која своето финансирање го обезбедува главно од наплата на прелети, достигнала речиси 3.000 евра во текот на минатата година, покажува новообјавената завршна сметка и извештајот за работењето во 2024.

Некогашниот тетовски трговски гигант ТЕТЕКС АД Тетово продолжува да остварува позитивни финансиски резултати, покажуваат податоците од најновиот финансиски извештај за изминатите девет месеци.

Компанијата АД Мода Свети Никола, која важи за една од најуспешните текстилни компании во Македонија, по долги години успешна приказна и континуиран извоз во Германија, сега се бори со намалени порачки.

„Лукоил Македонија“ во одговор испратен до „Фактор“ вели дека компанијата работи тековно без пречки во увозот и во малопродажбата на горивата, по санкциите наметнати од САД.

Во Македонија сѐ уште има луѓе кои не говорат англиски јазик, но и не се особено вешти во работата со компјутери, што ги ограничува на пазарот на трудот да најдат подобро работно место. 

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Шилегов бара оставка од Филипче

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Шилегов бара оставка од Филипче

Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија

Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија

Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче

Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче

Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч

Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч

Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“

Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“

Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција

Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција

Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен

Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен

„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија

„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија

Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери

Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери