18 Декември, 2025
0.1147

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Одобрено e во целост обвинението против сопственикот на обезбедувањето РУБИКОН

Објавено во: Македонија 17 Октомври, 2025 22:27

Добивај вести на Viber

ИМА ОБВИНЕНИЕ И ЗА АЛЕКСАНДАР НАЦЕВ ЗА ПОЖАРОТ ВО КОЧАНИ

Судот во целост го одобри и второто обвинение поврзано со пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кое обвинет е сопственикот на обезбедувањето РУБИКОН, Александар Нацев.

„Обвинителниот акт беше поднесен на 4 септември од страна на обвинителниот тим кој постапува по истрагата за пожарот, а се однесува против едно лице, А.Н. кој се јавува како  одговорно лице – реален сопственик на обвинетото правно лице Друштво за обезбедување на имот и лица РУБИКОН СЕКЈУРИТИ СОЛУШН увоз-извоз ДООЕЛ Скопје“, стои во соопштението на судот.

Предметот ќе го суди судијката Биљана Смаќовска, а терминот засега не е утврден. Според обвинението, сопственикот на агенцијата немал склучено договор за обезбедување на дискотеката „Пулс“. Обвинителството по истрагата против него, тврдеше дека обвинетиот за цело време по катастрофалната несреќа им давал инструкции на обезбедувачите кои биле таа кобна ноќ на работа, кога се случи пожарот, а еден од нив бил и без лиценца.

М-НАВ ЌЕ ЈА ПОЧИТУВА ОДЛУКАТА ЗА ВРЕМЕНА ЗАБРАНА ЗА ШТРАЈК

Авиосообраќајот над македонското небо нема да биде прекинат в понеденик. Струковиот Синдикат на Контролори на Летање најавува дека ќе ја почитува одлука на Граѓанскиот суд со времена мерка за забрана на штрајкот, што овој Синдикат требаше да го реализира в понеделник од 10 до 15 часот, со запирање на сите полетувања и слетувања на Скопскиот и Охридскиот аеродорм и со намалено опслужување за 50 проценти на прелетите. 

Сепак, најавија дека ќе ја обжалат одлуката и ќе побараат предметот повторно да биде вратен на рочиште за да ја изложат својата одбрана. Ќе се обратат и до Републичкиот судски совет и ќе поднесат претставка против судијката која го водела предметот.

РУСИЈА ГИ УКИНА ЦАРИНИТЕ ЗА УВОЗ НА ГОРИВО

Рускиот вицепремиер Александар Новак денес изјави дека Русија ги укинала царините за увоз на горива, но дека засега не гледа потреба да купува нафтени производи од странство, објави руската телевизија „Росија 1“.

Како што објави Ројтерс, во некои руски региони има недостиг на бензин, а властите се принудени да ја ограничат продажбата на гориво по серијата напади од украински беспилотни летала врз рафинериите за нафта.

Новак додаде дека домашната побарувачка за нафтени деривати е во опаѓање.

„Ситуацијата е стабилна, а домашниот пазар е целосно снабден со нафтени деривати. Владата одлучи да ја укине увозната давачка“, истакна рускиот функционер.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Цената на златото нагло порасна годинава, поскапе и среброто, а од златарниците велат дека за купување на најскромното златно синџирче се потребни повеќе од 150 евра. 

Вредноста на монетарното злато како дел од девизните резерви на Македнија за три месеци се зголемила за 100 милиони евра.

Комисијата за хартии од вредност на Република Северна Македонија на 68-мата седница со која претседаваше Претседателката на КХВ  М-р Бујаре  Абази  донесе Решение со кое на правното лице Finansiska agencija FINA од Р. Хрватска се дава согласност да стекне квалификува­но учес­тво во Македонска берза АД Скопје, односно индиректно преку Zagrebacka burza d.d да се стекне со акции чиј вкупен кумулативен износ не надминува 30% од вкупно издадените акции со пра­во на глас од Македонска берза АД Скопје. 

Инвеститорите од вчера имаат нова можност за купување државни обврзници со камата од која може добро да се офајдат, особено со вторите обврзници.

Крешендото на првата етапа од изборната кампања помина во знакот на „големите“ лидери, кои практично целосно го вшмукаа кислородот од просторијата за локалните проблеми и идеи како во наредните четири години ќе бидат управувани македонските општини.

Хадис Доко, 21 по редослед на кандидатската листа за членови на Совет на Општина Струга од редовите на коалицијата предводена од ДУИ за локалните избори, од минатиот месец е директор на фирма на Раде Трајковски - Штекли, во моментов обвинет за организирана продажба на наркотици за кого во тек е судски процес.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Шилегов бара оставка од Филипче

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Шилегов бара оставка од Филипче

Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија

Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија

Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче

Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче

Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч

Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч

Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“

Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“

Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција

Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција

Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен

Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен

„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија

„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија

Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери

Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери