Колку Грци емигрирале од земјата за пет години?
Објавено во: Балкан 08 Септември, 2016
Официјални податоци објавени од грчкото Министерство за надворешни работи, покажуваат дека 332 000 Грци емигрирале во странство помеѓу 2010 година и 2015 година, пишува „Прото тема".
Се смета дека нивната реална бројка е поголема, бидејќи грчките граѓани не се обврзани да се регистрираат во грчките амбасади и конзулати во странство, веднаш штом пристигнат таму.
Германија има усвоено најголем број Грци - 157 053, а потоа е Велика Британија со 51 859. Во Австралија заминале 45 000 Грци, а во Кипар - 31 474, Норвешка и САД, исто така, се меѓу првите десет дестинации за работа во странство, најпосакувани за Грците.
Земјите од Заливот стануваат популарни за емиграција меѓу Грците. Бројките покажуваат дека 1000 луѓе заминале за Катар во 2014 година, а 3352 во моментов работат во Обединетите Арапски Емирати.