21 Мај, 2024
0.0299

Таки Фити со реално објаснување зошто ММФ ја спушти ниско проекцијата за Македонија

Објавено во: Економија 09 Октомври, 2018

Добивај вести на Viber

Прогнозите за намалување на економскиот раст (2,5 отсто според Светска банка и 1,6 отсто според ММФ) се очекувани и се должат на оваа миниполитичка криза,  смета претседателот на МАНУ, академик Таки Фити.

– Во вакви ситуации се менуваат очекувањата на инвеститорите односно на економските субјекти. Тоа е круцијален факт за дефинитивно профилирање на стапката на економски раст. Одамна позната економска законитост е дека очекувањата многу влијаат. Бидејќи, ако нашите претпријатија и странските ивеститори  очекуваат полоши времиња, политички тензии, тогаш, едноставно, луѓето не инвестираат. Ако дојде до политички избори, целата енергија, труд, напор, ќе се сврти кон изборите. За жал, кога имате политички избори, луѓето малку размислуваат за економија и бизнис, се воздржуваат и домашните, и странските инвеститори, изјави претседателот на МАНУ, која денеска одбележа 51 година од основањето.

Смета дека ќе биде подобро ако уставните измени поминат во Собранието и да се избегнат избори, со што, рече, ќе се избегнат и дополнителни трошоци и тензии.

– И да се свртиме кон евроатлатските процеси што се круцијални за Македонија. Нашето приближување кон НАТО ќе придонесе за голем прилив на странски директни инвестиции. ЕУ и НАТО испорачуваат стабилност – ако имате стабилност, работите си одат многу подобро, истакна Фити. 

Сепак, претседателот на МАНУ смета дека и без новата политичка криза, не ќе можело да се реализираат 3,2 проценти раст прогнозирани од Владата затоа што, како што рече, прилично се задоцнило со капиталните инвестиции, проектите се стопирани и остануваат, рече, малку месеци за да се реализира планираното. 

– Особено крупната инфраструктура и патиштата имаат брзи ефекти, дури и на краток рок. Тие ефекти во македонската економија поради големата увозна зависност на градежништвото не се толку големи колку во други високоразвиени земји. Но ако дојде до политички избори, треба да бидеме задоволни ако стигнеме со 1,6, рече Фити.


Можеби ќе ве интересира

ВАЖНА ВЕСТ ЗА АКЦИОНЕРИТЕ НА „МАКЕДОНИЈАТУРИСТ“ - еве кога компанијата ќе почне да дели дивиденда, кој на колку да се надева

ВАЖНА ВЕСТ ЗА АКЦИОНЕРИТЕ НА „МАКЕДОНИЈАТУРИСТ“ - еве кога компанијата ќе почне да дели дивиденда, кој на колку да се надева

Д-р Адижес со моќни пораки до македонските компании

Д-р Адижес со моќни пораки до македонските компании

БЕЗ ИЛЈАДА ЕВРА НЕ СЕ КРПИ МЕСЕЦОТ - делумно намалени месечните трошоци, еве колку изнесува синдикалната кошница

БЕЗ ИЛЈАДА ЕВРА НЕ СЕ КРПИ МЕСЕЦОТ - делумно намалени месечните трошоци, еве колку изнесува синдикалната кошница

СОПСТВЕНИЧКИ МАЛИ ПРОМЕНИ - претседателот на УО на „Алкалоид“, Мукаетов, се стекна со 400 обични акции

СОПСТВЕНИЧКИ МАЛИ ПРОМЕНИ - претседателот на УО на „Алкалоид“, Мукаетов, се стекна со 400 обични акции

ЈА ПРЕКИНАА ПРОДАЖБАТА НА БИЛЕТИ ОД СКОПЈЕ ДО КРФ - грчки Ејџијан Ерлајнс ја укина авиолинијата која требаше да се одвива два пати неделно

ЈА ПРЕКИНАА ПРОДАЖБАТА НА БИЛЕТИ ОД СКОПЈЕ ДО КРФ - грчки Ејџијан Ерлајнс ја укина авиолинијата која требаше да се одвива два пати неделно

БЕШЕ ГУВЕРНЕР НА НАРОДНА БАНКА: Димитар Богов стравува од „финансиски колапс“ за Украина

БЕШЕ ГУВЕРНЕР НА НАРОДНА БАНКА: Димитар Богов стравува од „финансиски колапс“ за Украина

ФАКТОР ИСТРАЖУВА: Автоплац, хотел и учебници билдаат добивки во Кочани

ФАКТОР ИСТРАЖУВА: Автоплац, хотел и учебници билдаат добивки во Кочани

ИЗВОНРЕДНА МОЖНОСТ ЗА РАБОТА ВО ХРВАТСКА! Плати огромни, работници нема, а побарувачката расте

ИЗВОНРЕДНА МОЖНОСТ ЗА РАБОТА ВО ХРВАТСКА! Плати огромни, работници нема, а побарувачката расте

ФАКТОР АНАЛИЗА: Милиони евра од струја се прават во Македонија и со еден вработен

ФАКТОР АНАЛИЗА: Милиони евра од струја се прават во Македонија и со еден вработен