Турција се откажа од зимското сметање на времето
Објавено во: Балкан 08 Септември, 2016
Владата на Турција соопшти дека се откажува од враќањето кон зимското сметање на времето.
Ова се наведува во декретот објавен во турскиот Службен весник.
„Одлуката на Владата на Турција од 14 март 2016 година, која предвидува поместување на стрелките на часовникот во 4.00 часот на 30 октомври 2016 година, е откажана. Летното време, воведено во 3.00 часот на 27 март 2016 година, ќе продолжи во текот на целата година. Нема да се врши преминување кон зимско сметање на времето "- се вели во декретот на турската влада.
Според документот стрелките на часовниците нема да бидат преместени со цел зголемување на потрошувачката на соларна енергија.
Решението е донесено по предлог на Министерството за енергија и природни ресурси на Турција.
Така времето во Турција ќе се совпаѓа со московското во текот на целата година.