29 Мај, 2024
0.0253

Демаскирање на Путин и Западот.

Главниот виновник за војната во источна Украина и за жртвите во овој конфликт одамна е познат. Само што постојано се повторува дека не можеме да се откажеме од соработката со него...

Објавено во: Свет 29 Септември, 2016

Добивај вести на Viber

Овој извештај не е плод на брзоплетост. Во текот на две години инспектори од четири држави собираа факти, со чија помош сакаа да воспостават и докажат кој го собори Малајскиот патнички авион со близу триста патници над источна Украина. А дека авионот навистина е соборен - тоа дури ни Москва не го негира. Но цело време Русија се обидуваше да ја префрли вината на Украина. Иако од самиот почеток имаше индиции дека авионот бил соборен од сепаратистите поддржани од Русија, вели Бертолд Колер од Франкфуртер Алгемајне Цајтунг.

Објавените вчера резултати од истрагата нема да влијаат на луѓето кои подлегнуваат на руската пропаганда и веруваат дека ова е уште еден западен заговор против сиромашната, опколена Русија и против брилијантниот демократ, кој ја раководи. Но независните набљудувачи веќе речиси не се сомневаат кој е главниот виновник за трагедијата: оној кој дал наредба за пукање во авионот (без разлика дали намерно или по грешка), оној кој до ден-денешен ги снабдува сепаратистите со најсовремено оружје, без чија помош украинската армија одамна ќе ги победеше. Путин сепак од почетокот негира и улога на снабдувач, без оглед на тоа дека единствено политичарите, кои ги затвораат очите пред фактите кои не се вклопуваат во нивната измислена реалност, не забележуваат прилив на луѓе и материјали од Русија кон Источна Украина.

На 17 јули 2014 година на територијата контролирана од сепаратистите, добро обучен воен персонал (бидејќи лансерот „Бук“ не може да се користи од аматери) изврши не само криминал, но и груба грешка при обидот да ги прикрие трагите: мачејќи се да се ослободат од оружјето со кое е извршено злосторството, извршителите ги вратија ракетните лансери таму, од каде што ги добија - во Русија. Но што од тоа, прашува Колер.

Извештајот на иследниците уште еднаш го демаскираа Путин. Но тој го демаскира и Западот, кој со ангелско трпение продолжува да ги слуша басните и лагите на Москва, бидејќи очигледно не сака да зборува со рускиот претседател на единствениот јазик, кој тој го разбира. Германското Министерство за надворешни работи на пример соопшти дека истрагата веќе била „поблиску до оние кои носат одговорност“. Таква порака нема да го вознемири Путин.

Главниот виновник за војната во источна Украина и за жртвите во овој конфликт одамна е познат. Само што постојано се повторува дека не можеме да се откажеме од соработката со него, додава новинарот за ФАЦ.


Можеби ќе ве интересира

ИСПРАЌАЊЕ НА ФРАНЦУСКИ ВОЈНИЦИ ВО УКРАИНА: Што кажа Сирски, а што Макрон?

ИСПРАЌАЊЕ НА ФРАНЦУСКИ ВОЈНИЦИ ВО УКРАИНА: Што кажа Сирски, а што Макрон?

(ВИДЕО) МАСОВНA ТЕПАЧКА: Руски ветерани од Украина се степаа на улица

(ВИДЕО) МАСОВНA ТЕПАЧКА: Руски ветерани од Украина се степаа на улица

КРАЛСКАТА ПАЛАTА ВО ГОЛЕМ ПРОБЛЕМ ПОРАДИ КEЈТ: Сите очи на светот се вперени во принцезата поради нејзината битка со ракот

КРАЛСКАТА ПАЛАTА ВО ГОЛЕМ ПРОБЛЕМ ПОРАДИ КEЈТ: Сите очи на светот се вперени во принцезата поради нејзината битка со ракот

ШОКАНТНИ СЦЕНИ ОД АМЕРИКА: Ледени топки падѓаа од небото, најмалку 24 мртви - а најлошото допрва доаѓа

ШОКАНТНИ СЦЕНИ ОД АМЕРИКА: Ледени топки падѓаа од небото, најмалку 24 мртви - а најлошото допрва доаѓа

„РОДИ МЕ МАЈКО СО К'СМЕТ, ЕВРОПРАТЕНИК ДА БИДАМ“: Еве колкава плата заработуваат народните претставници во Европскиот парламент

„РОДИ МЕ МАЈКО СО К'СМЕТ, ЕВРОПРАТЕНИК ДА БИДАМ“: Еве колкава плата заработуваат народните претставници во Европскиот парламент

МАКРОН Е ВО ПОСЕТА НА ГЕРМАНИЈА: Какви специјалитети се на менито?

МАКРОН Е ВО ПОСЕТА НА ГЕРМАНИЈА: Какви специјалитети се на менито?

„Лејса Украинка“: Секојдневното гранатирање на цивилната инфраструктура на Харкив е се поинтензивно, меѓународната заедница може да го смири рускиот агресор

„Лејса Украинка“: Секојдневното гранатирање на цивилната инфраструктура на Харкив е се поинтензивно, меѓународната заедница може да го смири рускиот агресор

ЗЕЛЕНСКИ: Русија ги концентрира своите сили во регионот Белгород за нова офанзива

ЗЕЛЕНСКИ: Русија ги концентрира своите сили во регионот Белгород за нова офанзива

КАКО ДЕТЕ САКАЛ ДА БИДЕ МОРНАР: Путин имал и други желби, едната му се оствари

КАКО ДЕТЕ САКАЛ ДА БИДЕ МОРНАР: Путин имал и други желби, едната му се оствари