29 Мај, 2024
0.0383

И Унгарија ќе дава пари за трето дете

Објавено во: Свет 30 Јули, 2019

Добивај вести на Viber

Со пари Унгарија ќе го стимулира наталитетот. 

Унгарија им нуди 30.000 евра на брачните парови што ќе имаат три деца.

Владата им нуди на брачните двојки заем од 10 милиони форинти (околу 30.590 €), кој не мора да го вратат ако имаат три деца.

Парите се достапни преку шема што почна на почетокот на јули, а двојката може да го потроши заемот на што сака  и истиот е без камата.

Унгарија има недостиг на работна сила, затоа што работниците ја напуштаат земјата во потрага по повисоки плати.

Премиерот Виктор Орбан и неговата десничарска партија Фидес сакаат да го охрабрат растот на населението со поттикување на наталитетот. 

„Не ни требаат броеви, туку унгарски деца“, кажа Орбан во своето обраќање во февруари.

Од канцеларијата за меѓународни комуникации на унгарската влада велат дека луѓето во земјата сакаат Унгарија да остане унгарска земја со добри услови за семејствата.

Додека просечната стапка на плодност во ЕУ е 1,59, Унгарија заостанува со 1,49 деца по жена, според „Еуростат“.

Заемот претставува дел од Акциониот план за заштита на семејството на Орбан, со кој се издвојуваат 4,8% од БДП на програми за поддршка на семејствата и поттикнување на наталитетот.

Другите точки на планот вклучуваат програма за заем за поддршка на набавки во домовите, субвенции за автомобили за големи семејства и доживотно ослободување од персонален данок на доход за жени кои израснале најмалку четири деца.

Двојките мора да исполнуваат одредени критериуми за да ги добијат средствата. Тие мора да се во брак, на барем еден од партнерите тоа да му е прв брак, сопругата да биде на возраст од 18 до 40 години и барем еден еден од нив да плаќал социјални придонеси во Унгарија во период од 180 дена.

За паровите кои ќе добијат едно дете во петгодишна временска рамка, каматата на нивниот заем се укинува засекогаш и месечните отплати се одложуваат за три години.

Раѓањето на второ дете им дава дополнителна тригодишна пауза на отплата, а сите пари што ги отплатиле им се враќаат. Долгот им се отпишува по раѓањето на трето дете.

Ако парот или не успее да роди дете за пет години или се разведе, тие мора да го вратат сето она што го позајмиле за четири месеци.  Тие се ослободени од враќање на заемот доколку обезбедат лекарско уверение за причините зошто немале дете.

Повеќе земји се одлучуваат финансиски да ги стимулираат младите да имаат повеќе деца. Финансиска поддршка за ова има и во соседна Србија.

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) МАСОВНA ТЕПАЧКА: Руски ветерани од Украина се степаа на улица

(ВИДЕО) МАСОВНA ТЕПАЧКА: Руски ветерани од Украина се степаа на улица

КРАЛСКАТА ПАЛАTА ВО ГОЛЕМ ПРОБЛЕМ ПОРАДИ КEЈТ: Сите очи на светот се вперени во принцезата поради нејзината битка со ракот

КРАЛСКАТА ПАЛАTА ВО ГОЛЕМ ПРОБЛЕМ ПОРАДИ КEЈТ: Сите очи на светот се вперени во принцезата поради нејзината битка со ракот

ШОКАНТНИ СЦЕНИ ОД АМЕРИКА: Ледени топки падѓаа од небото, најмалку 24 мртви - а најлошото допрва доаѓа

ШОКАНТНИ СЦЕНИ ОД АМЕРИКА: Ледени топки падѓаа од небото, најмалку 24 мртви - а најлошото допрва доаѓа

„РОДИ МЕ МАЈКО СО К'СМЕТ, ЕВРОПРАТЕНИК ДА БИДАМ“: Еве колкава плата заработуваат народните претставници во Европскиот парламент

„РОДИ МЕ МАЈКО СО К'СМЕТ, ЕВРОПРАТЕНИК ДА БИДАМ“: Еве колкава плата заработуваат народните претставници во Европскиот парламент

МАКРОН Е ВО ПОСЕТА НА ГЕРМАНИЈА: Какви специјалитети се на менито?

МАКРОН Е ВО ПОСЕТА НА ГЕРМАНИЈА: Какви специјалитети се на менито?

„Лејса Украинка“: Секојдневното гранатирање на цивилната инфраструктура на Харкив е се поинтензивно, меѓународната заедница може да го смири рускиот агресор

„Лејса Украинка“: Секојдневното гранатирање на цивилната инфраструктура на Харкив е се поинтензивно, меѓународната заедница може да го смири рускиот агресор

ЗЕЛЕНСКИ: Русија ги концентрира своите сили во регионот Белгород за нова офанзива

ЗЕЛЕНСКИ: Русија ги концентрира своите сили во регионот Белгород за нова офанзива

КАКО ДЕТЕ САКАЛ ДА БИДЕ МОРНАР: Путин имал и други желби, едната му се оствари

КАКО ДЕТЕ САКАЛ ДА БИДЕ МОРНАР: Путин имал и други желби, едната му се оствари

СОСТОЈБАТА Е СЕРИОЗНА: Фицо ќе се опорави дури до крајот на годината?

СОСТОЈБАТА Е СЕРИОЗНА: Фицо ќе се опорави дури до крајот на годината?